New @DailyMail column:
— Meghan McCain (@MeghanMcCain) December 10, 2021
And Just Like That... Sex in the City died of wokeness
(This made me VERY sad to write this) https://t.co/GRpJxpBQgh
„Кери сега ја игра улогата на цисродова жена на подкастот со помладите водители. Еден од нив е, се разбира, квир и небинарен,“ вели Меккејн во колумната. „Затоа што е толку досадно и нееволуирано да се биде стрејт, бела жена.“
Понатаму, вели дека од серијата се „сигурно загрижени да не ги налутат погрешните луѓе, да не се политички некоректни, или да не не се доволно прогресивни.“
Коментарите на Меган се во најмала рака - интересни, особено кога ќе се земе предвид дека имаше твит за тоа колку лошо остарела првичната серија.
Во твитот од лани, вели,
„Сексот и градот остаре толку лошо од толку многу причини (изгледа Менхетн е полн само со белци, меѓу другото). Ама попрво би си отсекла прст отколку да се вратам на сингл живот и состаноци.“
Енди Коен ги праша жените од екипата што мислат за коментарите.
„Не се согласувам, серијата стана толку сакана - со репризи сите овие години,“ рече Синтија Никсон. „Мислам дека е сто пати прегледана, и луѓето ја познаваат многу добро. Кога нешто ти станува толку познато, се скротува. Мислам дека луѓето забораваат колку беше серијата запаллива - не само заради сексуалната искреност - туку и колку беше револуционерна во тоа време. Четири жени што имаат многу секс, со многу различни партнери. Бракот постоеше во етерот, но не мораше да значи дека тоа ќе го бркаат.
Многу добро се сеќавам на дискусијата на почетокот, првите неколку сезони, луѓето велеа, ова не се жени. Жените не зборуваат вака. Ова се геј мажи во драг.
Затоа што луѓето ја знаат серијата толку добро, ја имаат внесено во носталгија. Но, се работи за серија што ги истурка сите граници. Тоа и мислам дека е прекрасно за новата серија - за сите правци во кои одиме, за поместување граници и за растресување на луѓето, и на ликовите. Не сакаме на ликовите да им биде удобно - сакаме да ги видиме надвор од нивните комфорни зони.“
Никол Ари Паркер, што ја глуми Лиса, се надоврза за колумната:
„Ваквите коментари зборуваат повеќе за личноста што ги кажува. Можеби во твојата дневна соба, кога ти ќе излезеш надвор, или ќе одиш до продавница, изледа исто. Можеби тебе ти доаѓа премногу. За овие ликови во Њујорк, не е така.“
Кристин Дејвис додава дека луѓето не треба да гледаат на „И едноставно така...“ како на „Сексот и градот“, и дека отвара многу можности со оглед на тоа што едноставно - живееме во поинакво време.