Заврши „And Just Like That…“, барем првата сезона (уште не ни кажуваат дали ќе има втора), и се сумираат мислења. Некои се однесуваат и на диверзитетот од ликови, па колумнистката од Дејли Мејл, Меган Меккејн посочува на претерување и глумење лудило. Екипата од серијата, се разбира, не се согласува.