Airbnb комплетно преправи еден њујоршки стан во копија на станот на Кери Бредшо од серијата, сосе бирото, лаптоп, кожната фотелја од Ејдан, дури и винтиџ броеви на Вог. Спалната и телефонот на Кери се истите, постелнината и клупата пред креветот се до детаљ ископирани, но она што им е највозбудлив дел од маркетингот е плакарот.
Цел. Полн.
И да, можете да облечете нешто, да излезете и да го вратите. Откако претходно ќе си направите Космо со достапниот прибор за коктели.
За удобноста да биде поголема, тоалетот е сепак поголем и полуксузен, и за разлика од на Кери станот - има тераса.
Зошто е тогаш само 23 долари од вечер? Веројатно затоа што Airbnb се мачи да се врати на нозе после пандемијата и ова е една од помахерските маркетинг-финти што ги имаат смислено.
Еве видео-тура:
Букингот почнува баш од денес и со среќа. Со ваква цена, веројатно прво ослободување ќе биде во 2028.