До сега,
(СПОЈЛЕРИ)
го утепаа Мистер Биг, Миранда се разведува од Стив за небинарна нова љубов и Кери се мислеше дали е во ред да излегува или не - и на крај реши да им се врати на њујоршките улици. Ким Катрал одби да учествува и повремено става лајкови на твитови што ја фалат дека паметно направила, Крис Нот го обвинија за силување и одрекува и така. Дрмачко.
Сега има информација дека серијата ќе добие втора сезона. Првата ќе заврши со десетта епизода.
Извор на Пејџ Сикс вели,
„Креативните дискусии сè уште не се случиле, но сите се задоволни од серијата.“
Втор анонимен извор вели дека иако е многу критикувана, сепак има шанси за втора сезона.
Кејси Блојс од ХБО и ХБО Макс за Вулчр изјави на крајот на 2021 дека втора сезона е „дефинитивно разговор што ќе се води - сигурно. Но, сè уште не сме решиле и не сме направиле ништо.“
„Ќе им оставам на другите да смислат што сакаат да прават, но многу се радувам за тоа што го направија. Да ви кажам, тоа и се бара во ваква серија. Навистина е чувството како да си се нашол со старо друштво и како вчера да сте се виделе.“
Сарита Чодури што ја глуми Сима (некои викаат и „новата Саманта“) исто така рече дека размислувала за втора сезона.
„Баш пред некој ден размислував,“ им кажа на Ентертејнмент Тунајт. „Затоа што во еден момент ти кажуваат дали ќе има или не, а ние не сме стигнати до таму. А се надевам дека ќе има. И мислев, внесуваат нови ликови и почнувш да гледаш како сите се навикнуваат на нас, како сме пораснале, како Кери пораснала. Мислам дека втора сезона би можела да навлезе во тоа кој се ликовите, наспроти наведување на публиката да го гледа тоа што тие го гледаат. Така што, би уживала во втора сезона, ама не знам.“
Значи, официјално, никој ништо не потврдува. Неофицијално, се кладиме дека ќе има втора?