Свадбената штикла на Кери Бредшо стана папуча

Биркенсток се криви.

Биркенсток ќе соработува со Маноло Бланик (кој би рекол?!) и нормално, за симбол на соработката ја земаат најпрепознатливата штикла од брендот, позната како „штиклата во која се омажи Кери Бредшо“. Сандалата, или папучата ако сакате, е кадифена и направена да потсетува на оригиналот.

Биркенсток веќе се вклучи во франшизата - во продолжението на „Сексот и градот“, односно „И едноставно така…“, Кери носи папучи после операција на колк, па мора да бидат такви.

Внуката на Маноло, Кристина Бланик вели,

„Биркенсток имам во плакар од самиот почеток. Ги обожавам и ги носам многу години. Воодушевена сум што можеме да соработуваме и да ја споиме естетиката на Маноло Бланик со секојдневниот комфор на Биркенсток.“

Ќе има розеви, црни и кожни, освен сините.

Да, или не?

 

27 април 2022 - 15:32