Значи, зборуваме за оригиналната серија, во која Кери Бредшо живее во станче во фин кварт, носи брендирана облека и чевли, а се издржува само од пишување колумна.
Во разговор со Њујоркер, Бушнел откри колку ја плаќале како колумнист во ’90-те и сумата е многу поголема отколку што би можеле да замислиме.
„’90-те беа многу добро време за медиумите,“ вели таа. „Работев за Вог, ја пишував колумната ‘Луѓето зборуваат за’ и ме плаќаа 5000 долари месечно. Опсервер плаќаше помалку, но можев да си го дозволам тоа заради Вог. Мислам, ова беше време кога писателите добиваа договор со Венити Фер за шест статии и 250.000 долари годишно. Се вреднуваше пишувањето, не се сметаше за нешто што сите можат да го прават. Сега, поради компјутерите, сите мораат да го прават, па мислиме дека сите и можат.“
Сумиве се малку шокантни, но сега барем е појасно како Кери Бредшо го постигнува тој лајфстајл. Ако станот ѝ се погоди со контролирана кирија од 750 долари месечно, ѝ останувал голем кусур за финоќа.
Додајте таму уште еден плус кај ‘90-ти, во однос на ова сега.