Петиција за бришење на спот на Мерилин Менсон

После години молчење за нејзината врска со пејачот Мерилин Менсон, Еван Рејчел Вуд се отвори не само со изјави, туку и со документарен филм во два дела со наслов Phoenix Rising. Тврди дека пејачот ја силувал на снимањето на спотот за Heart-Shaped Glasses, и сега фановите бараат да се симне.

Спотот до сега има насобрано 32 милиони прегледи, а Вуд вели дека за време на снимањето „ѝ бил даден апсинт“ и дека едвај била свесна кога требало да се снима секс-сцената што ја има на спотот. Кога почнале камерите да снимаат, актерката вели дека Менсон пенетрирал во неа без нејзина дозвола.

„Јас сум професионална актерка и ова го правам цел живот, никогаш не сум била на толку непрофесионално снимање во животот. Беше тотален хаос и не се чувствував безбедно. Никој не внимаваше на мене.“

Текстот на петицијата на change.org ги цитира изјавите на Вуд за инцидентот и вели дека описот се совпаѓа со дефиницијата за силување.

„Преживеаните и сојузниците мораат да се здружат за да се отстранат вакви работи,“ пишува во петицијата. „Ова не треба да биде дозволено на Јутјуб, или било каде да циркулира. Еван одново се виктимизираше себеси за да креира промени и не заслужува на интернет да има постојан потсетник на силувањето.“

По објавувањето на 16 март, петицијата стана една од најбрзо растечките на сајтот, а во меѓувреме Вуд продолжува да ја раскажува својата приказна по телевизии, иако адвокатите на Менсон веќе спремаат тужба за клевета и уништување на репутација.

„Стојам зад сѐ што имам кажано на темава,“ вели Вуд за Гуд Морнинг Америка. „Не верувам дека смеам легално да коментирам за другите наводи, но уверена сум дека вистината е на моја страна.“


Види и:

И Мерилин Менсон е откажан

Еван Рејчел Вуд го има обвинето и Коби Брајант 

Дита фон Тиз за скандалот со Мерилин Менсон

21 март 2022 - 00:03