Дита фон Тиз за скандалот со Мерилин Менсон

Во понеделникот, Мерилин Менсон влезе во првата фаза од тотален кансел, нешто што ни стана секојдневие, откако неколку поранешни партнерки, меѓу кои и Еван Рејчел Вуд, го обвинија за разни типови на грозна злоупотреба. Неговата поранешна жена, Дита фон Тиз не се вклучува во тоа.

Во средата, фон Тиз, која со Менсон беше во врска од 1999 до 2006 објави сопствена изјава на Инстаграм, каде напиша дека наводите „не се совпаѓаат“ со нејзиното искуство.

„Ги процесирам вестите од понеделникот што се однесуваат на Мерилин Менсон.

За тие што изразија загриженост за мене, ви благодарам за љубезноста, ја ценам.

Молам да биде јасно дека деталите што излегоа во јавност не се совпаѓаат со моето искуство за време на седумте години заеднички живот. Да беше така, немаше да се омажам за него во декември, 2005 година. Го напуштив 12 месеци подоцна поради неверство и злоупотреба на дрога.

За злоупотреба од било каков вид нема место во било која врска.

Ги охрабрувам оние што биле дел од таква врска да преземат чекори за да се залечат и да најдат сила комплетно да се реализираат.

Ова е моја единствена изјава на оваа тема.

Ви благодарам што го почитувате ова барање.“

Менсон за обвиненијата изјави дека се работи за „ужасни извртувања на реалноста“.

„Моите интимни односи секогаш биле комплетно консензуални, со партнери кои размислувале како мене. Без разлика како - и зошто - некои луѓе погрешно го интерпретираат тоа, таква е вистината.

5 февруари 2021 - 13:37