„Јас и Џо делевме кревет со две девојки, се разбудивме сабајлето и имавме што да видиме - вошки за сите!“ на драго срце ќе се присети Тајлер во една прилика.
Кога имал 27 години, ги убедил родителите на неговата 16-годишна девојка да му го препуштат старателството. Во 1975, живеел со групи-девојката, Џулија Холкомб. За да ги надмине правните проблеми, ја убедил мајка ѝ да му го препушти старателството, па поживеале заедно и се распаднале кога таа забременила и абортирала. Се вратила кај родителите.
А не е дека му било сеедно:
„Огромна криза беше. Голема работа е кога растеш нешто со жена, но те убедуваат дека нема да ви успее и дека ќе ви ги уништи животите… Одиш на доктор, и ја боцкаат во стомак, и го вадат тоа, а ти гледаш. Бев многу уништен. Си велев, боже, што направив?“
Со бендот избегнувале сексуални активности 10 дена пред крај на турнеја, според тонецот на бендот, Рабит Хенсон, кој има кажано дека им било забрането да добиваат орални услуги 10 дена пред крај за да избегнат ширење венерични болести на девојките што ги чекаат дома. Но, во интервју во 2009, Тајлер контрира на оваа изјава:
„Ништо не правиш 10 дена, ама за да бидеш сигурен дека ќе дојдеш дома полн. Ако не, тогаш има сомнежи.“
Првото сексуално искуство му било на седумгодишна возраст со две близначки. Ги сретнал во црковен хор и еден ден го однеле кај нив дома и си направиле „ќе ти го покажам моето ако ми го покажеш твоето.“ Денес е воодушевен од тоа искуство, плус фактот што и поранешната жена и моменталната девојка се исто така дел од близнаци.
Го има одбиено само една жена во животот: Џоан Џет. Ѝ се појавил гол пред хотелска соба и му затворила врата.
Има потрошено околу 6 милиони долари на кокаин. Кога во емисија му побарале да потврди, рекол:
„Реално, 5-6 милиони. Ама не е важно. Може да се каже дека сум го ишмркал и пола Перу, ама не е важно.“
На толку дрогирање, има заборавено сопствена песна и тоа до толку, што предложил бендот да направи кавер. Една вечер, се дружеле во нечиј стан, ја слушнал You See Me Crying и рекол „Еј, одлична е песнава. Треба да направиме кавер. Кој ја пее?“
Џо Пери му рекол:
„Ние, глуп еден.“
Плејбој-моделот Бебе Бјуел со која ја има Лив Тајлер била толку згрозена од однесувањето и зависноста од дрога, што одбивала да му дозволи да ја запознае ќерка му до нејзината 12-годишна возраст, кога се излечил.
„Сега ако ме прашате дали жалам што не им бев присутен татко на Лив и Миа,“ вели тој, „50% да, 50% не, затоа што ако не го преживеев сето тоа што го преживеав, немаше да бидам каде што сум денес. Тоа се добрите вести. Лошите се дека не им бев дома на моите две ќеркички и сум плачел за тоа, и со нив заедно сум плачел за тоа. Добрите вести се дека ме сакаат.“