„Округло брдо“, како што гласи буквалниот превод на името на оваа градба, е констриуирано од двајца уметници во 1971. Прогласена е за суверена територија кога локалните власти во населбата кадешто е изградена донеле закон дека вакви типови сферични објекти не се дозволени.
Локална гатачка во еден француски град го убедила градоначалникот дека може да разговара со мртви, меѓу кои и неговиот татко. Градоначалникот се навлекол на тие сеанси па имал стотици муабети со мртви, понекогаш и со ангели. По некое време, сосема очекувано, ангелите почнале да го убедуваат градоначалникот да ѝ помогне на гатачката да ја реновира куќата.
Зачинот со сладникав мирис има своја тајна. Речиси секое зрно кое е во продажба е опрашено од човечка рака, со прецизно движење и користење игла или чепкалка. Методот е откриен од 12-годишно момче кое во 19 век било роб и чиј подвиг долго време бил потценуван.
За помалку од една недела украинската армија беше сведок на уништувањето на три американски М1 Абрамс тенкови, кои паднаа жртви на руски анти-тенковски проектили и дронови, сето тоа триумфално проследено на руските социјални мрежи.
„Досието на Вашингтон покажува дека е подобар да води војни отколку да се занимава со она што следи потоа“, пишува Политико во еден екстензивен прилог за тоа какво е Косово денес, 25 години откако Американците издејствуваа да прогласи независност. Ако Косово е некаков водич, Украинците треба да внимаваат што посакуваат кога планираат корпоративна Америка да им ја обвновува земјата.
За биолозите, вљубениците во природата и птичарите како Илија, Галапагос е туристичка дестинација од соништата. Лоциран во Пацификот на 1000 километри од јужноамериканскиот континент, овој архипелаг се состои од 19 острови кои се дом на различни видови птици, игуани, желки и други суштества кои ја инспирирале теоријата на еволуцијата на Дарвин, а сега и перото и фотоапаратот на Илија.
„Малиот Александар“ е папагал со впечатлива зелена боја, чии претставници во последниве децении слободно живеат по градови, а најблиску до нас се пријавени во Белград. Нивното присуство веќе се чувствува и како закана по другите, домашни видови.
Научната фантастика долго време е сметана за главно „машки“ жанр книжевност, а малиот број дела напишани од жени добиваат посебно внимание. Но доколку се вратиме назад до средината на 17век, тука ќе го најдеме името и делото на Маргарет Кавендиш.
Мако Нишимура e ситна жена која денес има околу 60 години, со нежно лице и долга брановидна коса. Сепак, таа не е традиционална Јапонка - тетовирана е до вратот и долж рацете, а ѝ недостасува и мал прст на ракта. Сите тие се знаци дека припаѓа на јакузите -озлогласената мафија, во која вообичаено нема жени.
Лиза Мари Присли била бесна откако го видела филмот на Софија Копола, кој го прикажува животот на нејзииното семејство. Вистинските ликови зад драмата „Мај декември“ исто така немале баш пофални зборови за истиот. Иако се готов извор на супер приказни, биографиите знаат да бидат ризични за екранизација.
13 годишен тинејџер од Оклахома е првиот човек кој успеа да победи во Тетрис, прочуената Нинтендо игрица, која постои цели 34 години. Интересно е што до пред неколку години се веруваше дека на Тетрис има најмногу 29 нивоа. Малиот стигна до 157 ниво по што играта се скрши.
Ново издание на Институтот за македонска литература, „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963“ на авторите Ана Мартиноска и Жарко Иванов се однесува на еден траурен момент од колективната историја. Среде хаосот и болката на скопскиот земјотрес, еден фолклорист се одважил да го забележи она што денес претставува скапоцен документ за тоа како преживеаните се збогувале со своите блиски. Сега, 60 години подоцна, тие прв пат стануваат достапни за јавноста и тоа токму во момент на колективна тага.
Како што само може да се очекува кога цел западен свет ќе го блокира извозот во твојата земја, но и понатаму ќе остане навлечен на твојата нафта и гас, и гнасно ќе ја плаќа, така Русија 2023 ќе ја заврши со блесав плус во трговијата со странство од 75 милијарди долари.
Среде пустелијата на северна Австралија, во регион наречен „Никогаш Никогаш“ (сериозно), има населба која тешко дека би можела да се нарече град. Во неа до скоро живееле 11 луѓе. Сè до исчезнувањето на локалниот шегаџија. Доволно „штоф“ за документарец кој се прикажува на Нетфликс.
Масовната смрт и уништувањето на Јапонија во Втората светска војна го подисплаши тогашниот воен скретар на САД, дека Америка ќе добие репутација дека го надмашила Хитлер по сторените злосторства. Истиот тој човек подоцна потпиша атомски напад на Хирошима и Нагасаки. Актуелното спржување на Газа, Израел го правда со таквите и слични „светли примери.“
На израелските војници кои волонтираа да се приклучат на војната против Хамас не им е право што синот на премиерот Бенјамин Нетанјаху и понатаму дреме во Мајами.
На 17.09 (недела) во Скопје започнува 11-тото издание на фестивалот Про-за Балкан. Помеѓу бројните интересни учесници е и режисерот на култните „Ко то тамо пева“ и „Маратонци...“ и автор на неколку книги кои повторно се вртат околу филмот. Во ова интервју тој зборува и за проектите кои се во тек, но и за таквите кои изгледа ќе останат неснимени, како и за својот однос кон сопственото дело, околу кое како што вели често се крева(ла) непотребна хистерија.
„Приказна за саксофонот“ е нова детска книга на брачен пар кој споделува голема љубов за џезот. Сликовницата е резултат на едно едноставно прашање - кој го измислил овој инструмент?
Деновиве низ светот (па и кај нас) премиерно се прикажува новиот биографски филм за „таткото на атомската бомба“. Малкумина знаат дека тој пред крајот на животот поминал десетина години на едно изолирано место во Карибите, пишувајќи поезија и пловејќи по заливите.
Режисерот кој на вистинскиот Титаник има поминато повеќе време отколку оригиналниот капетан на бродот, ја критикуваше туристичката авантура да се организира скапо патување до потонатиот брод кое заврши фатално за четворицата патници и пилотот на подморницата (оној со џојстикот). Камерон е запрепастен од сличностите во судбините на големиот Титаник и малиот Титан.
Ако злосторствата од нашите црни хроники не се паметат, тоа не е затоа што никогаш порано не се случиле во нашиот живот, туку само затоа што - како што кажува самиот збор - не сме се сетиле на нив. Сите овие злосторства, накратко, се незапаметени од една едноставна причина - нашиот народ слабо памти.
Неодамнешата одлука на училиште во Флорида да изврши притисок врз својата директорка да поднесе оставка, откако на час била прикажана голата статуа на Давид на Микеланџело, го зголеми интересот за ова дело. Но покрена и уште едно, поинтересно прашање. Зошто, побогу, неговиот, а и пенисот на голем број други антички скулптури е толку мал?