Исходот го потврди и самиот Зеленски кој во одјавниот говор изјави дека самитот бил добредојден како прв чекор кон мирот, ама признал дека не сите присутни биле согласни со заклучоците, порачувајќи дека „за жал некои луѓе се уште балансираат.“
На самитот присуствуваа околу 100 држави и организации, но на него не беше поканета Русија, а Кина избра да не учествува. Најголем дел од присутните беа од Европа.
Саудиска Арабија не го потпиша заклучокот и покрај тоа што Зеленски беше во посета на земјата кратко пред почетокот на самитот. Документот остана непотпишан и од Јужна Африка, Тајланд, Индонезија, Мексико и Емиратите.
Во заклучоците се бара и прекин на огнот врз украински цивилни пристаништа и трговски бродови, како и ослободување на сите воени затвореници и враќање на украинските цивили.
На самитот не се разговарало за тоа како ќе изгледаат поствоените односи меѓу Украина и Русија, ниту пак за можното членство на Украина во НАТО.
Пред почетокот на самитот, Путин, без никој да го побара тоа од него, објави список на услови за примирје, во кој побара украинските сили да ги напуштат сите четири украински региони кои делумно се окупирани од руската војска. Уште еден идентично неприфатлив услов за Киев беше и Украина да се откаже од планот за приклучување кон НАТО.