Автоголот на Австрија:
Повредата на Килијан Мбапе во 88’ минута кога го скрши носот. Се врати во игра но мораше брзо надвор а како измена од клупа влезе Оливие Жиру:
Повредениот Мбапе влезе во терен без судиско одобрение па доби жолт картон:
Селекторот на Франција Дидие Дешам вели дека сè уште не се знае степенот на повредата на носот и дека тоа е веќе голем проблем за нив. Во меѓувреме француската фудбалска федерација соопшти дека Мбапе ќе биде опериран во Дизелдорф и не се знае колку ќе паузира.
За играч на мечот беше прогласен 33-годишниот Нголо Канте кој покажа зошто со години важи за најборбениот фудбалер во Европа. Заслужена награда:
Французите до крај играа без Мбапе во составот, мечот беше продолжен девет минути но резултатот остана 1:0 после автоголот на Максимилијан Вебер. Франција со триумф го започна Европското но веќе почнаа тревоги за ситуацијата со Мбапе. Дали ќе биде спремен за дербито со Холандија на 21-ви јуни?
Килијан веднаш после мечот бил однесен во болница. Според некои инфорамции тој бил подвргнат на операција а според други се уште се чека и се набљудува состојбата.
Мбапе сигурно ако продолжи ќе го продолжи Европското со заштитна маска. Тој и натаму нема погодок на Европските првенства и се надева дека ќе се врати на терен да ја помогне својата репрезентација.