Од први јануари до крајот на октомври рускиот суфицит изнесувал 53,8 милијарди долари, а октомври бил втор месец по ред во кој суфицитот ја надминал сумата од 11 милијарди долари.
Повторно предводник на ваквите историски бројки е извозот на енергенси, кој и покрај малиот пад во октомври останува висок. Минатиот месец Русија од своите пристаништа испорачувала нафта на највисоко ниво во последните 4 месеци и ги достигнува количините од април 2022.
Бројките на Руската централна банка ги потврдуваат и аналитичарите на Блумберг, според кои сегашните 53 милијарди долари се очекува да бидат зголемени за нешто над 10 милијарди во секој од следните 2 месеца.
Минатиот месец руската влада им нареди на 43 групи на извозни компании, вклучително и нафтените производители, девизите од продажбата во странство да ги продаваат на домашниот пазар за рубљи за да може да се осигури прилив на странски валути.
Ваквата мерка и помогна на рубљата повторно да се симне под границата од 100 рубљи за 1 долар.