Во 2024 следниве производи, измислени или произведени во 1974, полнат половина век.
Самолепливите ливчиња за белешки
Во 1968, научник по име Спенсер Силвер случајно развил лепак кој бил доволно слаб за да може да ги одделува хартивчињата без да ги скине и доволно јак за да се залепи на друга површина. Но Силвер и неговата компанија не можеле да смислат практичен начин за рекламирање на истиот.
Сè се сменило кога човек по име Арт Фрај во 1974 не се сетил да го искористи ова за решавање на еден мал но за него значаен проблем. Додека пеел во црква сакал да има начин да си стави „букмарк“ во книгата со верски песни, без да ја оштети. Фрај и Силвер работеле заедно за развивање на прототипот, од што произлегло она што денес го знаеме како самолепливо ливче (Post-It Note).
Рубиковата коцка
Ретки се производите кои истовремено развиваат механички вештини, комбинаторика и се забавни. Таква е Рубиковата коцка, измислена во 1974 од унгарскиот љубител на загатки Ерно Рубик (патентирана е нешто подоцна).
Таа до денес е најпознатата играчка на светот, со над 450 милиони продадени примероци од оригиналот и уште кој знае колку имитации. Првата коцка била направена од дрво и неа Рубик ја сметал пред сè за уметничко дело и начин неговите студенти од Техничкиот факултет во Будимпешта да се подготват за решавање посложени проблеми.
Бар кодот
Изумителот Џо Вудланд дошол на идеја за она што денес го знаеме како бар код додека се релаксирал на плажа. Го нацртал дизајнот на песок и знаел дека тој има потенцијал да изврши револуција во трговијата.
По серија прототипи првиот бар код бил скениран во малиот град во Охајо, Трој, во 1974. Производот бил најобично пакување мастики. Сега изумот на Вудланд е дел од искуството на шопингот речиси насекаде во светот.
Модерна липосукција
Првиот документиран пример за некој кој се обидува козметички да си го намали салото е од 1921, низ метод кој бил ужасен и болен. Во 1974, татко и син направиле подобрена верзија на процедурата која останува основа за модерните липосукциски техники. Арпад и Џорџо Фишер користеле метод кој обезбедува многу подобри резултати од претходните обиди, иако се применувал само за надворешните бутови.
Киндер јајца
Чоколатцата во форма на јајце со шупливо јадро каде се крие подароче е само еден од многуте производи на фирмата Киндер кој дебитирал во 1974. Теоретски звучело како супер идеја, но јајцето било почеток на конфликт со владата на САД. Во 1997 Комисијата за безбедност на потрошувачките производи ги забранила поради опасност од гушење. Од тогаш воопшто не се продаваат во САД, но ги има речиси насекаде во Европа, па и кај нас.
Данџнс енд драгонс
Друштвената игра со раскажување и преземање улоги не започнала со амбиција да биде тоа. Била замислена како игра на средовековни битки, со краток водич кој можел да се прилагоди и на некое фантастично сценарио. Овој детал станал примарен - играта била целосно распродадена уште во првата година од објавувањето, а денес е уште „н'рдовска“ занимација.
Фолксваген голф
Се уште го има по нашите улици, а датира токму од 1974. Моделот има поминато низ неколку значајни фази, со седум генерации и над 35 милиони продадени коли. Пред голфот најдоминантна во Фолксваген беше „бубата“ со својата репутација на достапност и практичност. Но откако голфот се појави на пазарот веднаш постави нови стандарди за компактни автомобили.
Уште нешта измислени во 1974