Наводно вистинската приказна за сопственик на хотел, кој водел детални белешки за она што го гледал низ отворите на собите, предизвика скандал во САД. Но дури и да не е документарна, таа е вознемирувачка. Затоа што го буди воајерот во секој од нас.
Претходник на минимализмот, надреализмот и театарот на апсурдот, Сати себеси не сакал да се нарекува композитор, туку човек кој создава амбиентална музика што се вклопува во просторот како дел од мебел. Ова е само една од неговите ексцентрични идеи, кои и по век и половина од неговoто раѓање само покажуваат колку бил пред своето време.
Рич Коен, кој пишува за Венити Фер и за Ролинг Стоун, заедно со Скорсезе, Џегер и Теренс Винтер е ко-автор на серијата „Винил". Неговата најнова книга која излезе вчера, 10. мај, „Сонцето, месечината и Ролинг Стоунс", е опишана како наративна историја на бендот со чии членови тој се дружел од средината на 1990-тите.
Вербализираните описи на секс како да се однапред осудени на неуспех. Или се преапстрактни, или се вулгарни. Или се емоционално испразни, или се патетични. Затоа и до сега имаше награда за најлош, но не и за најдобар опис на секс во книги.
Ова е хедонистичкото тројство кое на многумина им го скрати животот. Но познатата изрека има своја историска позадина и локални варијанти во различни јазици, кои звучат не загрозувачки, туку животно продолжувачки.
Oваа година се навршуваат седум децении од еден од најголемите современи „просветителски" проекти - основањето на едицијата Пингуин класикс, која во 1946 започна со модерна англиска прозна верзија на Хомеровата „Одисеја".
Падма Лакшми е позната по две работи - по тоа што има готвачко реално шоу, и по тоа што му е бивша сопруга на славниот писател. Пред неколку дена таа објави мемоар во кој зборува за интимни детали, меѓу другото и за причините за распадот на нивниот брак.
Пред некое време бевме изненадени кога Светлана Алексиевич стана првата новинарка која доби Нобел за литература. Речиси исто толку необично е што филм за новинари оваа година победи во најважната оскаровска категорија. Новинари од целиот свет, замислете се!
Фотографката Џоана Рику (Joana Ricou) во соработка со неколкумина биолози прави валкани слики. Не, на нив нема ни кинки секс, ни голотија. Има - нечистотија од папокот.
Нешто повеќе од една година по излегувањето на романот и трагичните настани со коишто беше (не)намерно поврзуван, со малку постудена глава да видиме - за што зборува романот на Уелбек?
И пак од рак, и пак на 69 години - уште еден голем Британец го напушти овој свет. Стинг деновиве е забележан како поагилно вежба тоа јогата, Брајан Фери почесто се загледува во огледало, а и на Стивен Фрај нешто не му е баш најарно. Само Кит Ричардс не покажува знаци на тревога.
Веројатно има и почудни начини да ти почне новата година отколку на 1 јануари, веднаш по Виенскиот концерт, со титкањето на СМС пораки кои посакуваат „многу љубов и здравје", да си пуштиш филм од Јоргос Лантимос. Ама тешко дека некои од другите опции би биле толку иронични.
Звучи како лик од роман, но Мадам Клод била многу реална, некрунисана кралица на Париз, со врски во највисоките владини кругови, но и помеѓу уметници како Марлон Брандо или Марк Шагал.
30 години спиење, 2 месеци возење по вашата улица, 7 месеци непрекинат секс (ехее!), 27 часа постојана болка. Која е сумата на нашите животи, која станува очигледна кога статистиката ќе ги зипува сите наши активности, кои значат дека сме (уште) живи?