Освен што е прв американски претседател што добил ваква пресуда, тој е првиот претседателски кандидат кој е осуден сред кампањата за Белата куќа, а ако го победи Џо Бајден на изборите во ноември ќе биде и првиот актуелен американски претседател кој е осуден криминалец.
На поротата во судот на Менхетен и беа потребни речиси 12 часови во рок од 2 дена за да ја донесе пресудата.
Пресудата дека е виновен за 34-те обвиненија на ниту еден законски начин не го спречува Трамп да продолжи со својата кампања или да биде избран за претседател во ноември.
Обвинението поднесено против Трамп во овој случај е дека тој фалсификувал исплата на пари на својот поранешен адвокат Мајкл Коен за да ја прикрие исплатата од 130.000 долари кои Коен и ги дал на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да не зборува за нејзината афера со Трамп.
Обвинителот тврдеше дека парите исплатени на Даниелс се дел од праксата за исплаќање на луѓето што би можеле да објават негативни информации за Трамп пред изборите во 2016.
Казната за Трамп ќе биде објавена на 11 јули, на неколку денови пред почетокот на Републиканската национална конвенција во Милвоки.