Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.
Алексија запознала тип една вечер и веднаш се појавиле искри. И покрај менструацијата се впуштила во секс, но заборавила на една многу важна работа- имала тампон.
Ова е приказната на Алексија. А поради грешката можела да го изгуби животот.
„Ставив тампон и немав секс со момчето. Се што правевме беше петинг, при што тој ги ставаше прстите во мојата вагина. Кога дојдов дома отидов во тоалет и сакав да го извлечам тампонот, но не успеав, ги гурнав прстите подлабоко, но никако не можев да го извадам.
Предходно се гледав со момци додкеа имав циклус и тампон, а ова беше само еден ден кога имав потреба, а бев во период.
Кога не успеав да го извадам тампонот, ја повикав цимерката , која стуира медицина. Таа прво ме праша дали сум сигурна дека е тука , во што бев уверена, бидејќи имав неподносливи болки. Се сомневавме дека можеби испаднал во креветот кај момчето кај кого бев, но ми беше срам да му се јавам да го прашам.
Одлучивме да одиме до болница и да провериме што навистина се случило. Во тој момент ми се јави мајка ми каже дека ќе дојде со татко ми за половина час. Бидејќи секогаш бев отворена кон неа ѝ кажав дека сум во болница и ѝ кажав што се случило, а таа веднаш долета.
Кога влегов кај гинекологот, тој детално ме прегледа и од мене извади огромен тампон со големина на шепа од зајак. Ми рече дека бил баш длабоко во мене, скоро на грлото на матката и затоа не сум можела сама да го извадам.
Кога дома стигна сметката за прегледот, татко ми збесна, а јас сфатив дека треба да ги известувам партнерите за тоа дека имам тампон, бидејќи не е ништо страшно да имаш менструација“.
Девојки, памет во глава. На оваа несреќна девојка тоа изгледа не ѝ е силна страна.