Како спие, така сака! Ако спие на стомак…

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Актуелно 24.

 Обрнете внимание на партнерот додека спие за да дознаете каков е тој во врската.

маж
маж

– На стомак – тој е … човек кој сака да држи сè под контрола. Тоа не го запира дури и додека спие. Опфаќајќи го креветот со своето тело, тој го контролира местото каде спие. Од тоа произлегува уште една карактеристика – тоа е напорност. Таквите мажи се фокусирани на целта и ништо не може да ги одврати од тоа, велат експертите.
Сексуалните желби и потреби на човек кој спие на стомак – се труди да и угоди на својата сакана. Сака пози во кои и двајцата ќе уживаат, но исто така сака, кога ќе го изненадите со нова поза.

– На грб – тој е … уверен во себе, оптимист и отворен. Додека спие, не ги крие чувствителните делови на телото, што е индикација за самоувереност. Обрнете внимание на положбата на рацете и дланките. Ако рацете му се зад главата, тој е малку вообразен. Луѓето кои спијат на грб се многу социјални и сакаат да бидат во центарот на вниманието, велат експертите.
Сексуалните желби и потреби: Тој сака енергични, страстни епизоди во сексот. Во спалната сака неговиот збор да е последен.

– Непредвидливото спиење – тој е … под стрес. Во сонот, често ја менува позицијата на телото.
Сексуалните желби и потреби на мажите кои се под стрес: или сакаат многу секс или не сакаат воопшто. Ако вашиот маж спаѓа во првата категорија, дајте му брз секс, или релаксирајте го со масажа пред да му дадете цело задоволство.

– На една страна – тој е … безгрижен и без товар. Ова е честа поза за спиење, а мажите кои спијат така се спокојни и склони кон компромиси. Ако забележите дека колената ги прибира кон градите и зазема позиција на бебе, тој е емотивен и копнее за безбедност.
Сексуални желби и потреби: Тој е многу емоционален, а тоа значи дека сака долга и нежна љубовна игра.

15 мај 2016 - 14:52