Сума сумарум

За оние кои мислат дека животот им е пеколна рутина

30 години спиење, 2 месеци возење по вашата улица, 7 месеци непрекинат секс (ехее!), 27 часа постојана болка. Која е сумата на нашите животи, која станува очигледна кога статистиката ќе ги зипува сите наши активности, кои значат дека сме (уште) живи?

„Збир: четириесет приказни од задгробниот живот" е бестселер на неврологот Дејвид Иглман. Во една приказна во неа Бог е со големина на микроб и сосема несвесен за вашето постоење. Во друга верзија вие сте статист во соништата на другите. Во трета, времето се зипува „тематски", па наместо да скокате од една активност во друга 2 дена врзувате врвки на чевли, 6 месеци гледате реклами или 15 часа се потпишувате на различни документи.

Ако до сега мислевте дека вашиот/нашиот живот, ваков каков што е, е пекол на рутината, погледнете го филмот базиран на последниов расказ. Тоа што во животот во просек ни следуваат само 14 минути бескрајна среќа нека не ве потресува - речете „фала и за толку". 

13 декември 2015 - 09:09