Додека во блокот кој сака да биде симбол за меѓусебна солидарност и натаму постои кусок вакцини за самите граѓани на ЕУ, во една препирка со Велика Британија протече мрсна цифра за тоа колку од ЕУ има извезено вакцини во 30-тина други земји, меѓу кои и Саудиска Арабија.
Во првите месеци од пандемијата масовно се навиваше што е можно повеќе научници / институти / компании да изработат вакцина против ковид. Во првите месеци од годинава, таа желба е остварена, ама сега доаѓа борбата околу тоа која од нив е „подобра“. И тоа излегува дека не е така лесно да се измери.
Брајан Армстронг е ЦЕО на Коинбејз една од најголемите менувачници на криптовалути во светот, која сред целиот ќар од тргувањето со криптовалути одлучи дека деновиве ќе излегува на берза, и тоа е одлично за Брајан.
На Фајзер, кој постои од 1849, ова не му е прва епидемија, и некако успеа да има добитен кандидат во трката со вакцини (Бионтек) и со речиси 80.000 вработени минатата година имаше нето профит од 9,6 милијарди долари. Ама ги има и други.
Заклучокот на документот што го објави Бајден е дека саудискиот престолонаследник, Мухамед бин Салман, со сигурност одобрил, а најверојатно и го наредил, убиството на Џамал Кашоги.
САД нема да донира ниту една доза вакцини против ковид на сиромашните држави се додека земјата на обезбеди изобилие на вакцини за својата популација, е одговорот на Бајден на предлогот на Макрон.
Болници и старечки домови се евакуираат, а цели семејства со денови премрзнуваат, откако најголемата американска сојузна држава се најде сред студови какви што никој никогаш не ги очекувал, посебно не тамошните стручни лица задолжени за планирање на електричната мрежа на Тексас.
Новиот рекорд за вредноста на биткоин ја надмина границата од 44.000 долари откако Тесла објави дека ќе инвестира 1,5 милијарди долари во криптовалутата.
Ваков наслов, чисто колку да се залетаат конкубините и вебинарски бројлери кои се ежат на секое спомнување на Русија и Путин. А потоа брзо да треснат на земја кога ќе видат дека извор не ни е Спутник туку Блумберг.
Нова студија покажува дека вакцината на Астра Зенека од која ние за еден месец очекуваме барем 100.000 дози, има ограничен ефект на јужноафриканскиот сој на коронавирусот. Развивачите на вакцината ветуваат дека ќе ја модификуваат за да биде ефикасна и за тоа: некаде на есен.
Ви кажавме. Ви кажавме дека ЕУ не е некоја хипиевска, интернационалистичка екипа туку само за себе заинтересиран протекционистички блок. Ви кажавме дека е склеротична бирократија чија централизација на моќта се повеќе и повеќе им отежнува на земјите членки да се однесуваат како демократски нации и соодветно и брзо да одговорат да потребите на сопствениот народ.
Еден од специфичните соеви на ковид-19, оној кој за првпат беше откриен во Јужна Африка, станува еден од најбрзо растечките соеви на коронавирусот. САД пријавија два случаи и што е најлошо во приказната, ниеден од нив не патувал никаде.
За прв пат во историјата на Епл, компанијата успеа да собере над 100 милијарди долари (поточно 111 милијарди и 400 милиони) за точно три месеци. Па, кој сака нека честита.
Ајнхајзер-Буш годинава нема да пушти ниту една реклама за Бад во рекламните блокови на најголемиот спортски настан во САД. Наместо тоа парите што инаку би ги потрошил на реклами, ќе ги даде за зголемување на свесноста за вакцинација од коронавирусот.
Не се знае на кого му се падна, ама се знае дека добитното ливче е продадено во бакалница во Мичиген, и дека е само едно и дека добитникот инстантно станува еден од најбогатите луѓе на светот.
Поранешниот американски конгресмен добил забрана да го управува својот Фејсбук профил откако пробал да ја објави својата последна колумна, нешто што го прави секоја недела последниве 27 години. Колумната била на тема: цензурата на технолошките компании.
Мерката изгласана од локалните власти ги опфаќа становите под јурисдикција на градот, и во нив во иднина би било забрането пушење обични и електронски цигари. Пушењето марихуана и понатаму е дозволено.
Иако се чинеше дека новите форми на цензура кои се правдаат со борба против лажни вести првенствено се насочени кон крајната десница, левицата (онаа традиционална, не оваа новата мода на снегулките) со години ја трпи опресијата на алгоритмите.
Само околу половина од вообичаениот број на купувачи стапнале во американските продавници за време на распродажбите за Црниот петок, денот кога сите тие очекуваат нивните дуќани да бидат преплавени од луѓе излудени од попусти.
Барањето на Шапел било Нетфликс да престане да ги репризира старите епизоди од Шапел шоу, затоа што сопственикот на правата, ВиакомЦБС, ги продал без негова дозвола. На целосно изненадување на Шапел, Нетфликс му удоволиле на барањето.