ЕУ извезла 34 милиони дози вакцини

Додека во блокот кој сака да биде симбол за меѓусебна солидарност и натаму постои кусок вакцини за самите граѓани на ЕУ, во една препирка со Велика Британија протече мрсна цифра за тоа колку од ЕУ има извезено вакцини во 30-тина други земји, меѓу кои и Саудиска Арабија.

Портпаролот на Европската комисија призна дека Британија нема воведено забрана за извоз со што Унијата ретерираше од претходно изречениот став на првиот човек на Европскиот совет дека Борис Џонсон има наметната тивка забрана за извоз на вакцини од Велика Британија.

Во меѓуврееме, Гардијан излезе со податоци дека ЕУ до сега има извезено 34 милиони дози вакцини во 31 земја кои не се дел од Унијата.

Меѓу нив се и Велика Британија (9 милиони дози), Канада (речиси 4 милиони), Мексико (3,1 милион) Јапонија (2,7 милиони), Саудиска Арабија (1,36 милиони)....  Меѓу поголемите добавувачи на вакцини од ЕУ се и Хонг Конг, Сингапур, САД, Чиле и Малезија.

Досега ЕУ има стопирано само една извозна зделка на 250.000 дози АстраЗенека од Италија наменети за Австралија, постапувајќи според контроверзниот механизам за авторизација.

*****

 

11 март 2021 - 12:14