Уште една сјајна исповед на голема супер ѕвезда за The Players Tribune. Паулињо раскажува што сè го снашло во животот и како го зачуди светот кога од кинеската лига каде игра на заоѓање на кариерата, потпиша со Барселона.
Место да го зборат како голем фудбалер, ѕвезда и лидер на тимот, за Нејмар на овој Мундијал главните епитети се глумец и плачко, а тоа сам си го заслужи. Па само против Мексико се излежавал преку 5 минути.
Минатиот четврток репрезентацијата на Англија изгуби 0:1 од Белгија, но после тој меч букмејкерските коефиценти за триумф на Англичаните на Светско и за пласман во полуфинале се намалиле. Зошто?
По елиминацијата на Аргентина, втората репрезентација која ги завршува настапите во нокаут фазата на Мундијалот е актуелниот првак на Европа, Португалија. Роналдо и Меси си заминуваат од Русија, а Франција и Уругвај остануваат за да се пробаат во четвртфинале.
По денешната елиминација на Аргентина и сите тие перипетии и муабети за тоа кој уствари го водеше тимот на ова Светско, Гери Линекер се отвори на Твитер до даска.
„Пред една година никој во Франција не ме знаеше, а сега го живеам сонот“, изјави младиот 22-годишен десен бек на Штутгарт Бенжамин Павар чиј еврогол ја најави големата победа на Франција. Луда реакција имаа коментаторите на француската државна телевизија:
Во најлудиот меч од досегашниот тек на Светското, Франција се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот откако со 4:3 ја совлада Аргентина која имаше водство од 1:2.
Мечот против Сенегал кој Колумбија го доби со 1:0 беше најголем испит во кариерата на 32-годишниот Карлос Санчез кој игра во шпански Еспањол. Неколку дена претходно се соочувал со закани по живот од малоумници на социјалните мрежи.
Детето на Ливерпул и најголемата прогноза на Стивен Џерард полека но сигурно фрла малтер на својата позиција во репрезентацијата која ќе ја забетонира во следните години. Трент Алекасндер-Арнолд по Ливерпул сега се докажува и за Англија и добро му оди.
Ги гледаш последните 20 резултати на Швајцарија и се чудиш. Гледаш каде се наоѓаат на ранг листа и пак се чудиш, мислиш Шпанија е ова. Ние во една цела година имавме само еден пораз (од Шпанија), ама они во две.
Лев веќе неколку години не ја освежи репрезентацијата. Германија освои злато на Европските првенства до 21 и до 17 години, но ниту еден член на тие талентирани генерации не доби шанса да ги смени индиспонираните Озил, Кедира, Милер и Марио Гомез.
27 јуни 2018 ќе се памети како ден во кој се случи едно од најголемите сензации на Светското првенство. Јужна Кореја ја нокаутираше Германија со 0:2 и ја исфрли од Мундијалот. Понатаму одат Шведска и Мексико кого Скандинавците го прегазија со 3:0.
Со голот на Маркос Рохо во 86-та минута, Аргентина се избори за осминафинале во директниот дуел со Нигерија за второто место. Четири минути подоцна на Гаучосите им олесна откако дознаа дека Перишиќ го тресна Исланд во последна минута.
Го имаме еден од ретките навивачи на Уругвај или можеби единствениот кој може да сведочи за најраната историја на Мундијалите, па и пред тоа. Сè што има освоено Уругвај има видено со свои очи.
Фудбалерите на Уругвај го декласираа домаќинот на Мундијалот со 3:0, а Саудиска Арабија ја оствари првата победа на Мундијалите по СП 1994 и му го запиша третиот пораз на Египет со гол во 95-та минута. Голманот на Египет стана најстар играч во историјата на СП.
Откако нивната репрезентација ја демолираше Полска со 3:0 во 2. коло од групната фаза и сега има големи шанси за пласман во осминафинале ако го победи Сенегал, навивачите на Колумбија ширум оваа земја славеа на улици и по локали.
Има уште 30-ина секунди да ја нафрли како човек од аут, да пробаат да направат шанса за историско израмнување, тој прави циркус кога најмалку треба. Или треба да е глуп или не знаеме... Се вика Милад Мохамади. Игра бек за рускиот клуб Ахмат Грозни.
Руската фудбалска репрезентација е на чекор од историски пласман во осмина финале на Светско првенство откако вечерва убедливо го совлада Египет со 3:1.
Во првиот меч од групата Г, дебитантот Панама ѝ оддолеа на Белгија во првите 45 минути а потоа следуваа три ефектни гола за први три бода на Белгија во групата.
Неговите се од Гватемала. Се преселиле во Мексико додека Ирвинг уште бил во стомакот на мајка му а во земјата каде што се родил единствена шанса за успех му била да го прави тоа што најдобро го знае.
Дојде и тоа што го чекавме четири години. Месец дена ќе уживаме во најдобриот фудбал на светот. 32 репрезентации собрани на едно место ќе покажат што знаат. Да ги запознаеме.
Откако мексиканските медиуми открија дека неколку репрезентативци имале бурна ноќ во пресрет на поаѓањето за Русија на Светско првенство, федерацијата реши да не ги казнува фудбалерите а во меѓувреме излезе видео од забавата со 30 проститутки.