По информации кои ги пренесува мексиканскиот таблоид TVNotas голманот Гиљермо Очоа и неговите соиграчи Ектор Ерера, Хесус Гаљардо, браќата Хонатан и Џовани дос Сантос, Хесус Корона, Раул Хименез, Карлос Саиседо и Марко Фабиан имале убава вечер која сега им преседнала.
Забавата ја организирале во саботата вечер во една вила во престижниот реон Ломас де Чапутепек.
„Стигнаа во 22:30, а таму веќе имаше музика, пијалаци и жени. Организираа забава без сопругите и девојките. Нив не ги викнале затоа што таму дошле 30 ескорт девојки“, рекол неименуван извор за TVNotas.
По пишувањата на постабилниот Record, забавата не била толку бурна и весникот не потврдува дека девојките биле ескорт придружба. Изворот на Record раскажал дека сепак некои од играчите дошле со своите девојки.
Истиот медиум го објавил и тајмлајнот на забавата:
22:30 - дошле репрезентативците на Мексико
00:00 - 02:00 стигнале околу 30 други гости
04:00 - Џовани дос Сантос заминал дома
07:00 - заминале Фабиан, Гаљардо, Хименез и дел од гостите
08:00 - дошле уште неколку девојки.
Пред 16:00 си заминале и другите фудбалери затоа што во 19:00 имале собир во базата на репрезентацијата.
На 9 јуни Мексико го игра последниот пријателски меч пред Светското против Данска. Во групата се со Германија (Москва, 17 јуни), Јужна Кореа (Ростов, 23 јуни) и Шведска (Екатеринбург, 27 јуни).