Фудбалерите на Панама предводени од Колумбиецот Ернан Гомез ги издржаа нападите на Белгија и имаа пар шанси во првиот дел но во вториот Белгијците надоместија сè што пропуштија од почеток.
Во 47’ минута Дрис Мертенс начека прекрасен волеј и го отвори резултатот:
Во 69’ минута Ромелу Лукаку со глава зголеми на 2-0:
Центарфорот на Манчестер Јунајтед во 75’ минута ги постави конечните 3-0:
Во групата Г се уште и Англија и Тунис кои го играат својот меч од 20 часот. Во следното коло на 23. јуни Тунис игра против Белгија а Панама со Англија. После пет дена следи големото дерби Англија - Белгија.