Фудбалот и спортот воопшто се режисери на многу фини приказни. Викендов видовме две бајки, едната во Лондон, другата во Торино. Заедничко и за двете е што во главни улоги се голмани.
После толку многу битки, мегдани, трофеи и титули, речиси ретко кој да го памети првиот меѓусебен дуел меѓу двајцата сигурно најголеми тенисери во историјата.
Франческо Тоти, легендата на римскиот клуб, речиси никогаш не сакал да зборува за негов евентуален наследник. Никогаш, освен неодамна кога „на сите ѕвона“ го испофалил малиот Николо Ѕаниоло од кого тифозите на „волчицата“ очекуваат баш многу.
Во првиот меч од групата Г, дебитантот Панама ѝ оддолеа на Белгија во првите 45 минути а потоа следуваа три ефектни гола за први три бода на Белгија во групата.
Во ситуација кога ги гледате најголемите ѕвезди на светскиот фудбал кои прават чуда со топката, тивкиот и скромен Начо од сенка ви делува како недоволно вешт за да биде дел од големото семејство на Реал. Но не е така.
Дедо е дедо. И да те носи на фудбал и да те зема од школо и да те чува, но и до крај да верува во тебе. Таков е случајот со најголемото изненадување во англиската репрезентација, Луис Кук.
Пред две недели англискиот шампион ја оствари „прво па машко“ победата, а синоќа освои нови три бода против Порто во дебитантскиот настап во ЛШ. На Лестер навикнавме во Премиер, но не и во Европа. Како беше околу и на стадионот?
Велшанецот дебитирал за Јунајтед на 2. март 1991 година против Евертон на Олд Трафорд. Во следните 24 години освои 11 титули во Премиер лигата, 4 ФА Купа и 2 трофеи во Лигата на шампионите. Го држи рекордот по бројот на настапи за еден англиски тим. За Велс играше 67 натпревари и се повлече во 2007. година од репрезентацијата. Во моментов му е прв помошник на Ван Гал во Јунајтед.
Џанлуиџи Донарума попладнево на клупата ги седна Диего Лопез и колегите и застана на голот на Милан против Сасуоло. За него пишувавме кога наполни 16 во февруари годинава. Го сметаат за наследник на Џиџи Буфон, а менаџер му е контроверзниот Мино Раиола.