15 години од првиот дуел Надал - Федерер

После толку многу битки, мегдани, трофеи и титули, речиси ретко кој да го памети првиот меѓусебен дуел меѓу двајцата сигурно најголеми тенисери во историјата.

„Памтам, јас веќе бев број 1 кога Рафа почна да игра во турот. Уште тогаш беше добар, но не каков што е денес“, рече Роџер Федерер пред пар недели во Индијан Велс а 16.000 гледачи на стадионот со смеа го одобрија евоцирањето спомени. Но многумина се натажија кога „маестро“ примети дека денес секој нивен меч еден против друг може да стане и последен.

Од 3. рунда на Мастерсот во Мајами, кога Рафа имаше само 17 години и беше 34. на листата, до денес, тие одиграа многу антологиски средби. Ги надминаа и легендарните ривалства на Борг со Мекинро, на Мекинро со Лендл и на Агаси со Сампрас. Со тек на времето, нивниот дуализам го прекина Новак Ѓоковиќ против кого двајцата играле повеќе дуели отколку еден против друг.

****

На тој прв меч на 28 март 2004, 22-годишниот Федерер пристигна во Мајами после првата титула во кариерата на Australian Open и во Индијан Велс, и втората титула во Дубаи.

Роџер во тој момент победил на 12 меча по ред. Само еден месец пред фамозниот дуел првпат станал прв тенисер на светската листа (го стигна Родик како најмлад рекет број 1).

Рафа имаше 17 години и беше најмладиот учесник на мастерсот. Година дена претходно не играл во основниот тур. Првпат ги поминал квалификациите за ATP турнирот и на земја во Монте Карло претходно го совладал шампионот на Ролан Гарос, Алберто Коста.

Роџер подоцна признал дека пред првиот дуел со Рафа знаел многу за него, а репортерот на The Guardian од Мајами пишал дека Швајцарецот дури и предвидел дека Шпанецот ќе стане број 1 за три години од тој момент.

До дуелот од 3. коло во Мајами со Надал, Федерер на Флорида поради топлотен удар кој доживеал претходно на Индијан Велс, тешко го совладал Николај Давиденко, а Надал го добил Горан Иванишевиќ кој ја играше последната сезона во кариерата.

Роџер не бил во идеална состојба, но секако бил огромен фаворит против дебитантот на ATP турнир.

Мечот траел 70 минути и Надал направил големо изненадување: победа од 6:3, 6:3. Светската јавност на големо пишувала за малиот од Мајорка.

„Не сум изненаден, тој дечко има свој стил“, резимирал 22-годишниот Федерер после мечот а Надал изјавил:

„Многу сум среќен што го одиграв најдобриот меч во својот живот. Јасно е дека тој (Роџер) не го одигра најдобриот тенис и јас затоа победив. Ако играше најдобро што знае ќе немав шанси. Но во тенисот така бива: ако еден играч како мене игра многу, многу добро, а топ-играч како Роџер не, тогаш можам да победам. Како и да е, многу сум среќен.“

Во следниот меч, Надал изгуби од Фернандо Гонзалес а турнирот го освои домашниот миленик Енди Родик.

Големиот Федерер таа сезона го освоил златниот пехар на Вимблдон и првпат славел на УС Опен. Првото место на рејтингот не го пуштил во следните четири години! Додека од тронот не го смени Рафа Надал.

„Тој меч беше предвесник за Надал, особено на тврда подлога. Секогаш е голем успех да се победи првиот рекет на светот на тврда подлога, како што јас го добив Хјуит (Лејтон) пар години претходно. Се сеќавам сите зборуваа дека Рафа е „земјаш“, но тој веќе тогаш покажа дека е способен за уште повеќе, што во иднина и докажа“, направил експертиза Федерер за Рафа.

Следниот меч ги чекал дури една година подоцна, во Мајами, но веќе во финалето. Тогаш натпреварите за титулата на Мастерсите се играа до пет сета и Роџер херојски победи после голема борба откако губеше 0:2 во сетови од Рафа.

Сè понатаму и сите нивни меѓусебни дуели се историја за која долго ќе се зборува.

2 април 2019 - 14:35