Во дербито на 2. коло на Светското првенство Хрватска ја оствари можеби најневеројатната победа во својата историја откако ја згроми Аргентина.
Мечот започна со одмерување на силите на двете страни. Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли ги промеша картите па на клупа ги остави Ди Марија, Игуаин и Пауло Дибала со Меси и Павон во офанзивата.
Хрватите започнаа компактно, сигурно во одбраната и се закануваа преку фантастично организирани напади. Првиот дел заврши без голови а права голеада „Коцкастите“ направија во второ полувреме.
Најпрвин во 53’ минута Вили Кавајеро направи катастрофална грешка во обид да ја префрли топката преку Анте Ребиќ кој ја сочека на волеј и ја искина мрежата:
„Гаучосите“ очекувано станаа нервозни па своите фрустрации ги демонстрираа преку груби фаули.
Во 80’ минута Лука Модриќ во свој стил распали од 25 метри и постигна ефектен гол за 2-0:
Во финишот Николас Отаменди од Манчестер Сити тотално непрофесионално ја рогна топката во Ракитиќ кој лежеше на земја по еден прекршок:
Историскиот триумф го запечати токму Иван Ракитиќ по една контра во која Хрватите се најдоа 3 на 1 пред противничкиот голман:
Во групата Д: Хрватска е прва со 6 бода, Исланд има 1 бод но и меч помалку (утре со Нигерија од 17:00), Аргентина има исто само еден бод а Нигерија е без бодови. Постои голема веројатност Меси и Аргентинците да испаднат уште во групна фаза.