Англија после 30 години има отворен пат до полуфинале на Светско

Минатиот четврток репрезентацијата на Англија изгуби 0:1 од Белгија, но после тој меч букмејкерските коефиценти за триумф на Англичаните на Светско и за пласман во полуфинале се намалиле. Зошто?

Англичаните од 1990 година немаат стигнато до полуфинале на еден Мундијал.

Откако завршија втори во група, им се падна да одат по условно кажано полесна патека. Нивни противници до полуфиналето се Колумбија и евентуално Шведска или Швајцарија.

Сите овие три селекции пред Светското беа зад Англија во прогнозите. Големи шанси на Англичаните за полуфинале не им даваа само букмејкерите туку и разни аналитички модели.

Goalimpact им даваше 36% шанси за пласман во полуфинале, а SPI (Soccer Power Index)38%.

Да ги видиме противниците на Англија и потенцијалните потешкотии на патот до полуфинале:

КОЛУМБИЈА

„Тие напросто нè прекршија. Во такви натпревари најважен е првиот гол. Тој менува сè. Една екипа ќе почне да ризикува, а другата мисли: ’Фала многу, сега лесно ќе ве скротиме’. Тоа нам ни се случи со Колумбија“, објаснил полскиот голман Лукаш Фабиански.

Полска на тој меч неочекувано излезе со тројца во одбрана, а Колумбија не се изненади и после 25 минути ја престрои формацијата од 4-2-3-1 во 5-4-1. Таква тактичка зрелост не покажа никој на целото Светско досега.

Тоа може да биде особено актуелно и против Англија која исто игра со тројца стопери позади и која имаше сериозни проблеми кога Тунис ја смени тактиката сред натпревар. Освен тоа, Колумбија е и стандардно силна. На два натпревари постигнаа гол од прекин (и против Полска и против Сенегал).

„Многу ми се допадна како бевме поставени при голот (со Сенегал). Тоа не е случајно. Планиравме такво нешто“, рекол Хозе Пекерман селекторот на Колумбија.

Во нападот Колумбија ја има фантастичнаста четворка: Куадрадо, Хамез, Кинтеро и Фалкао но Хамез најверојатно ќе го пропушти вечерашниот меч поради повреда. Тоа е голем плус за Англија но ќе им биде тешко против интелегентната и тешка одбрана на Колумбија.

Во моментов Англија е фаворит но Колумбијците знаат да му направат проблем на секој противник.

ШВАЈЦАРИЈА

Главна предност на Швајцарија е тоа што веќе цели 4 години игра практично со еден ист состав под водство на ист селектор. Владимир Петковиќ создаде уникален стил - посед на топка плус висок пресинг.

На Светското Швајцарија допатува како една од најсилните селекции во пресинг. Имаат 57% посед на топка во просек и го задржуваат противникот на помалку од 3 сериозни шанси. Имаат подобар пресинг дури и од една Шпанија и Германија (52% и 53%).

Швајцарците се лидери на Светското по освоени топки.

Уште една нивна особеност е контролата на топка. На Европското 2016 Швајцарија владееше далеку подобро од противниците со топката на секој меч (дури и против Франција). На Светското примија гол само од Бразил досега и тоа со 45% посед на топка. На другите два меча против Србија и Костарика имаа повеќе од 60% посед на топка.

ШВЕДСКА

Шведска е најдефанзивна екипа во нокаут фазата. Само 33% од противничките акции стигнале до нивниот гол. Но Швеѓаните не се срамат од тоа:

„Ние имаме јасна филозофија над која одамна работиме со играчите. Еднакво исто работиме со сите фудбалери. Наш принцип е да бидеме добро подготвени, организирани и заразно борбени“, изјавил шведскиот селектор Јане Андерсон.

Шведска игра едноличен и прост фудбал. Поставени се во компактна формација 4-4-2 во која најчесто 9 фудбалери се на своето поле. На Шведска тешко ѝ се дава гол и тие примија само после неверојатниот шут на Тони Крос.
 

Нивниот систем не се менуваше од натпревар во натпревар. Обично 6 фудбалери се позади, 3 играат во зони, а Емил Форсберг чека долги топки. Организирани се максимално.

Овој опис не и одговара баш на Англија. Тие се ужасни во организација на игра а тоа и лежи на Шведска која знае против такви противници. Швеѓаните го немаат Златан Ибрахимовиќ но имаат колекти.