До дуелот на „Самара Арена“ Санчез одигра само три минути на Светското првенство - на мечот со Јапонија во првото коло доби црвен картон на стартот по што добивал закани по живот.
Колумбијците се бранеа од контранапад кој имаше втор бран. Санчез за да го заштити празниот гол по шутот на Кагава, ја фати топката со рака. Дамир Скомина без размислување му извади црвен картон: тоа беше првото исклучување на Светското во Русија и второ најбрзо во историјата - Санчез мораше под туш за само 2 минути и 56 секунди.
Во 1986 година Уругваецот Хозе Алберто Батиста после само 54 секунди игра добил црвен картон.
Фудбалерот на Еспањол отиде во соблекувалната а Јапонците дадоа гол од пенал. Иако Колумбија не се даваше и имаше спремен одговор за 1:1, Јапонците на крајот славеа со 1:2.
Селекторот на Колумбија, ветеранот Хозе Пекерман изјави по натпреварот дека потешко од резултатот му паднало тоа што морале цел натпревар да играат со играч помалку но истовремено додаде: Санчез е многу важен играч за репрезентацијата.
25.000 Колумбијци разочарани го напуштија стадионот во Саранск но никој не очекувал дека вечерта ќе биде страшна за дефанзивниот играч од среден ред.
Некој корисник на Твитер ојбавил колаж со споени фотографии на поранешниот стопер на Колумбија Андреас Ескобар кого го убија во татковината веднаш по Светското првенство 1994 година поради тоа што си даде автогол поради што не отидоа понатаму и Карлос Санчез со коментар: „Предлагам да се одбележи“.
Меѓу илјадници одговори под постот далеку повеќе биле оние кои ја поддржале идејата: „Андрес Ескобар го убија за автогол, Карлос Санчез треба да се убие а неговото мртво тело да биде распарчено“, напишал некој подолу.
Колумбиската полиција не чекала многу - го открила делото, собрала специјализирана кибергрупа која имала задача да го најде авторот на заканата по живот.
Корисникот потпишан под никот @humoAguilaFPC бил автор на монструозната закана а неговиот профил по откривањето е блокиран. Полицијата го пронаша и го привела.
Санчес го пропушти мечот против Полска поради црвениот картон но неговите соиграчи славеа убедливо со 3:0 и не заборавија на другарот.
Голманот Давид Оспина рекол: „Карлос е наша заштита. Тој е најважен играч во екипата. На првиот меч му се случи несреќен момент но тој знае дека сите сметаме на него“, го поддржил Санчес голманот на Колумбија.
Санчез вчера играше на клучниот дуел против Сенегал за пласман во осминафинале и беше најкорисен во одбранбениот дел од средината. Мечот го заврши со 39 додавања (прецизност 87%), 3 добиени дуели и ниту еднаш не беше издриблан од противнички играч.
Карлос Санчез има дури 90 настапи за Колумбија (во овој состав повеќе има само голманот Оспина), и на ова Светско ќе забележи минимум уште ден.