Аргентина се спаси од резил, а Марадона се поремети

Со голот на Маркос Рохо во 86-та минута, Аргентина се избори за осминафинале во директниот дуел со Нигерија за второто место. Четири минути подоцна на Гаучосите им олесна откако дознаа дека Перишиќ го тресна Исланд во последна минута.

НИГЕРИЈА - АРГЕНТИНА 1:2

14 минута 0:1, Меси

51 минута 1:1, Мозес

86 минута 1:2, Рохо

ИСЛАНД - ХРВАТСКА 1:2

53 минута 0:1, Бадељ

76 минута 1:1, Сигурдсон

90 минута 1:2, Перишиќ

ГРУПА Д: Хрватска 9, Аргентина 4, Нигерија 3, Исланд 1

Досегашните осминафинални двојки:

Франција - Аргентина (30-ти јуни, 16:00)
Уругвај - Португалија (30-ти јуни, 20:00)
Шпанија - Русија (1 јули, 16:00)
Хрватска - Данска (1 јули, 20:00)

26 јуни 2018 - 21:58