Се вика Орландо Менони, има 101 година и е страствен навивач на Уругвај 101 година. Сведок е на двете светски титули на својата земја остварени во 1930-та и онаа во 1950-та кога легедарниот Алсидес Гиџа ја замолчи Маракана.
Но Орландо е постар и од Светското првенство во фудбал кое постои 88 години, а неговата желба гласи:
„Сакам да го видам Уругвај како Светски првак петти пат во мојот живот“.
И сега се прашувате од каде тие две титули станаа четири. Епа стариот ги смета и златните медали на Олимписките игри во 1924-та и 1928-ма, бидејќи во тоа време олимпискиот фудбалски турнир бил сметан за најелитен во светот.
Како и да е, Менони е во транс од досегашните резултати на Уругвај кој прв пат во својата историја на Мундијалите стартува со три од три во групната фаза.
По вчерашниот триумф над Русија од 3:0 и пласманот во осминафинале каде ќе се сретнат со Португалија, цела земја е на нозе.
Овие фотографии се од Артигас, градче кое се наоѓа на 600 километри од Монтевидео.