Составот на швајцарската фудбалска репрезентација не е микс само на различни националности, култури и јазици, туку и микс на големо меѓународно искуство.
Имаат десет играчи во Бундеслига, четири во Серија А, три во Премиер лига и по еден во Шпанија, Франција, Португалија, Турција, Хрватска и Швајцарија. Единствениот репрезентативец на Светско повикан од домашно првенство им е Михаел Ланг од Базел.
Оваа банда на селекторот Владимир Петковиќ има резултати на кои може да им подзавиди и една Италија. На 20 натпревари во последниве две години имаат само еден и единствен пораз, оној од Португалија во квалификациите, инаку се друго збришаа во група 9 од 9.
Значи 15 победи, 4 нерешени и само еден пораз. Секоја чест.
Вака изгледа тоа:
Швајцарија - Португалија 2:0 (Квалификации за СП)
Унгарија - Швајцарија 2:3 (Квалификации за СП)
Андора - Швајцарија 1:2 (Квалификации за СП)
Швајцарија - Фарски Острови 2:0 (Квалификации за СП)
Швајцарија - Латвија 1:0 (Квалификации за СП)
Швајцарија - Белорусија 1:0 (Пријателска)
Фарски Острови - Швајцарија 0:2 (Квалификации за СП)
Швајцарија - Андора 3:0 (Квалификации за СП)
Латвија - Швајцарија 0:3 (Квалификации за СП)
Швајцарија - Унгарија 5:2 (Квалификации за СП)
Португалија - Швајцарија 2:0 (Квалификации за СП)
Северна Ирска - Швајцарија 0:1 (Квалификации за СП)
Швајцарија - Северна Ирска 0:0 (Квалификации за СП)
Грција = Швајцарија 0:1 (Пријателска)
Швајцарија - Панама 6:0 (Пријателска)
Шпанија - Швајцарија 1:1 (Пријателска)
Швајцарија - јапонија 2:0 (Пријателска)
Швајцарија - Бразил 1:1 (СП 2018)
Швајцарија - Србија 2:1 (СП 2018)
Швајцарија - Коста Рика 2:2 (СП 2018)
Ако не ви е доволно тоа, ѕирнете ја ранг листата да видите кое место го држат. Под нив се селекции како Франција, Шпанија, Англија, Уругвај, Колумбија, Холандија, Италија и Хрватска. Неверојатно.