СП 2018

Мбапе ја разби Аргентина, седмица во Казан

Во најлудиот меч од досегашниот тек на Светското, Франција се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот откако со 4:3 ја совлада Аргентина која имаше водство од 1:2.

Резултати, осминафинале:

ФРАНЦИЈА - АРГЕНТИНА 4:3 (1:1)
/Гризман 13’, Павар 58’, Мбапе 64’, 68’ - Ди Марија 41’, Меркадо 48’, Агуеро 90’+2/

„Триколорите“ поведоа први во лудиот натпревар, потоа во вториот дел губеа по пресвртот на Аргентина но на крајот Французите излегоа како победници благодарение на неверојатниот Килијан Мбапе.

Франција во четвртфиналето ќе игра против победникот од вториот меч вечерва меѓу Уругвај и Португалија (20 часот).

Гризман го отвори резултатот од пенал во 13’ минута по прекршокот над Мбапе:

Израмни Анхел Ди Марија со страшен погодок од 30 метри:

Целосен пресврт направи Меркадо по шутот на Меси со одбиена топка:

Во 57’ минута најголемото изненадување во репрезентацијата на Франција, десниот бек на Штутгарт, Бенжамин Павар постигна еднакво убав гол како оној на Ди Марија за 2-2:

Потопот на Аргентина го најави Килијан Мбапе со два убави гола за 4-2:

Во 93’ минута влезениот од клупа Серхио Агуеро им даде мала надеж на „гаучосите“ дека можат до израмнување но мечот заврши со неговиот гол за 4-3:

Лионел Меси, по многумина најдобриот играч на светот на сите времиња досега во репрезентацијата на Аргентина одигра 4 Светски првенства. Во 2006 испадна во четвртфиналето. На тој Мундијал постигна еден гол. Во 2010 година испадна во четвртфиналето без постигнал погодок. Во 2014 даде четири гола и имаше голема улога во среброто на Аргентина која изгуби во финалето. Во 2018 година испадна во осминафинале со 1 постигнат гол.