Таг: кун агуеро

Па добро бе Агуеро, два збора да научеше за 10 години

Фудбалерите не ги бие баш глас дека се ултра талентирани да совладаат странски јазик на курс и часови предвидени за тоа. Ама па 10 години да си дел од еден клуб, да му донесеш децениски чекана титула, да станеш најдобар стрелец во историјата и навивачите да те сакаат како најроден, па 2 збора да не научиш.

Агуеро, полека пријателе, не си на рандеву

Сити е ноќна мора за Арсенал. До толку што еден ден да им излезат со кадети, ќе им извадат нерешено. Денес Пеп без Де Брујн, Габи Жезус, Лапорт, Менди и Зинченко ги доби „топџиите“ со 1-0 (Стерлинг 23'), ама мечот го одбележи еден шанерски потег на Агуеро со дамата линиски судија Сиан Мејси.

На сред Олд Трафорд дошол со дрес на кој пишува Агуеро

Ама не е тоа што мислите. Малиот едноставно самиот се презива Агуеро и си го испечатил своето презиме на дресот од својот омилен клуб.

Мбапе ја разби Аргентина, седмица во Казан

Во најлудиот меч од досегашниот тек на Светското, Франција се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот откако со 4:3 ја совлада Аргентина која имаше водство од 1:2.

Бесплатен доручек зошто Кун и Пипита не дадоа гол

Во текот на денот пред мечот со најлутиот ривал Аргентина, локал во Бело Хоризонте нудел бесплатна ужина следниот ден во случај Серхио Агуеро и Гонзало Игуаин да не му дадат гол на Бразил. Така и бидна.

Цимерите Меси и Агуеро

Во пресрет на Копа Америка која што годинава првпат се игра надвор од Јужна Америка (во САД), Лионел Меси и Кун Агуеро изразиле желба повторно да бидат цимери во хотелскиот престој. Нивното цимерство датира уште од кога играле за репрезентацијата на Аргентина до 16 години, па до денес.

Кун Агуеро - приказна за борецот што не признава пораз

Израснат во сиромашно семејство меѓу малолетни родители, Агуеро својот фудбалски пат го одел од прашливите игралишта во Килмеш, преку Индепендиенте па сè до Мадрид и Манчестер. Ќерката на Марадона му роди син, но потоа се раздели со неа.