Цимерите Меси и Агуеро

Во пресрет на Копа Америка која што годинава првпат се игра надвор од Јужна Америка (во САД), Лионел Меси и Кун Агуеро изразиле желба повторно да бидат цимери во хотелскиот престој. Нивното цимерство датира уште од кога играле за репрезентацијата на Аргентина до 16 години, па до денес.