На сред Олд Трафорд дошол со дрес на кој пишува Агуеро

Ама не е тоа што мислите. Малиот едноставно самиот се презива Агуеро и си го испечатил своето презиме на дресот од својот омилен клуб.

Мизерната сезона на Манчестер Јунајтед конечно заврши и тоа со пораз од испаднатиот Кардиф (0:2) на „Олд Трафорд“. Во тмурната атмосфера изби случај со едно видео на кое се гледа како еден навивач го навредува Пол Погба и бара од него да батали Инстаграм, да си ги спакува куферите и да си оди.

А во меѓувреме новинарот Си Лојд горе на трибините сликнал едно дете како носи дрес со презиме Агуеро. Во целата нервоза, сите помислиле дека малиот ги провоцира останатите навивачи, а Лојд дури и твитнал: „Просто избркајте го“.

На крај се испоставило дека малиот се вика Леонард Агуеро, по што Лојд с извинил и пишал: „Тој се презива Агуеро! Избркајте ме мене!“.

„Одличен дечко. Дошол од Австралија. Ова е негов прв меч. Му кажав за твитот и му се извинив зошто многу навивачи го навредуваа и напаѓаа во првото полувреме“.

Случајот се раширил по интернет, а навивачите на другите екипи почнале да ги раскажуваат своите проблеми со свое презиме на дресот:

 

14 мај 2019 - 11:41