Со неверојатна гол разлика 8:1 после два меча, Русите со шест бода ќе влезат во третото коло а најверојатно и во нокаут фазата - првпат откако се натпреваруваат како самостојна земја.
„Зборнајата“ тргна фуриозно, имаше три шанси во првите 15 минути но Египет ги издржа сите налети во првиот дел.
Ситуацијата се смени во второто полувреме, кога после 120 секунди игра капитенот на „Фараоните“ Ахмед Фати неспретно реагираше и си постигна автогол:
5 - There have been five own goals at World Cup 2018 - only in 1998 have there been more at a #WorldCup tournament (6). Whoops. #RUS #EGY #RUSEGY
— OptaJoe (@OptaJoe) June 19, 2018
Во 59’ минута Денис Черишев го постигна својот трет гол на Мундијалот за 2-0 за Русија и се израмни со Роналдо на чело на листата стрелци:
Корпулентниот шпиц Артјом Џјуба кој на првиот меч против Саудиска Арабија даде гол по влегувањето од клупа, сега како стартер одново ја затресе мрежата и зголеми на 3-0:
Во 73’ минуа Мохамед Салах од пенал го намали резултатот а најстрогата казна беше досудена по интервенција ВАР по фаул токму над Мо:
Во последното коло од групата А Русија ќе игра против Уругвај, а Египет против Саудиска Арабија. Во моментов на табелата Русија е прва со 6 бода, Уругвај има 3 со меч помалку, Саудиска Арабија е без бодови со натпревар помалку а Египет е последен со 0 бодови и гол разлика 1:4.