Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.
Најмалата фудбалска нација призната од УЕФА е во транс откако успеа да слави победа по пауза од четири години. Коефициентот во кладилница беше боли глава. Со 100че лапаш 2.100.
Заир беше првата африканска земја која се пласираше на Мундијалот 1974. Една од нивните ѕвезди по име Муламба доби црвен картон по грешка, а ФИФА го суспендираше на една година. Потоа му се случија многу пострашни работи и сега едвај преживува.
Славниот Гарбиел Омар Батистута имаше тешки кризи после завршувањето на кариерата до толку сериозни што размислуваше за ампутирање на нозете. Но поранешниот напаѓач на Рома се врати на старо место после 15 години и повторно заигра фудбал.
„Галските петли“ ретко кога во историјата имале вака страшен напад како денес, на 80-ина дена пред Мундијалот. Гризман, Мбапе, Дембеле, Лаказет, Марсијал, Бен Једер, Жиру....
Според некои мислења тој е најдобриот на сите времиња, но и да не е така, Роналдо со својата уникатна игра си го заработи епитетот „Ил Феномено“. Погледнете го овие цик цак потези со извонредна техника и еластичност со која исфрли од игра двајца играчи. Се работи за финалето меѓу Интер и Лацио (3:0) во Купот на УЕФА 1998-ма, на кое Роналдо има само 21 година. Ваков танц со топка не може секој.
Еден од најсилните италијански дефанзивци во историјата вчера наполни 42 години. Имаше среќа да ги фати најубавите години и во Лацио и во Милан, но замина од тимот за кој навива за да наплати туѓи долгови.
Освен Ван Дајк од Ливерпул за кого дознавме по богатиот трансфер во Ливерпул, Јаспер Цилесен голманот на Барселона и Бас Дост центарфорот кој игра во Спортинг Лисабон, новата фудбалска репрезентација на Холандија е составена од анонимуси кои треба да ја заживеат „Орање“.
Кога од резервен и анонимен голман од Бразил, ќе добиете мачка која фаќа сè можно и не прима гол на повеќе од половина натпревари кои ги бранел во првенство, тогаш јасно е дека се работи за нешто опасно кое се пушти да го лови и Флорентино Перез.
Секој пат на 4-5 минути до почетокот на мечот тој чувствува нагон за повраќање. Кога ќе ја заземе својата позиција, околу него сите урлаат и должен е пак да се бори како гладијатор до крајни напори цели 90 минути.
Што ли му се случи на Кристијано Роналдо годинава? Дечкото подиве. Во ноември месец беше поефикасен само од напаѓачите на Беневенто, а сега во 2018-та има ист број на голови со Милан и Арсенал. Пазете колку цели екипи.
Првиот неделен натпревар од Серија А донесе спектакл, кандидат за гол на сезоната и историски подвиг, сето тоа благодарение на еден од најдобрите напаѓачи во моментов во Италија.
Иако стадионите во Шпанија важат за мирољубиви места, особено Камп Ноу каде има плева од туристи кои одат да ја гледаат Барса, синоќа пред влезот било танзично и играле пендраци.
По ремито во Лондон, фудбалерите на Челси капитулираа на Камп Ноу со пораз од 3:0. Меси стигна до 100 гола во ЛШ на 123 настапи, а првиот го постигна за рекордни 128 секунди во кариерата. Барса поведе 2:0 од првите два шута во гол.
Оваа приказна не е за Барса, Реал или Манчестер, туку за новиот фудбалски клуб Лос Анџелес кој има верен еден фан во Австралија. Тие уште не заиграле во лигата, а тој си резервирал карта пред 10 месеци.
Политичар и бизнисмен кој во минатото служел војска во Советската армија. Важи за 30-ти најбогат човек на светот кој го спаси ПАОК од гаснење во 2012. Необично, не зборува грчки јазик иако 30 години живее во Солун.
По гангстерското однесување на газдата на ПАОК кој се шеташе како шериф на терен со пиштол, владата донесе одлука сите натпревари од првата грчка лига да бидат во прекин на неодредено време.
Чешкиот голман веќе една деценија е меѓу најдобрите светски голмани. На дуелот против Вотфорд му одбрани пенал на Трој Дини и тоа беше неговиот 200-ти меч во Премиер лига без примен гол (clean sheet). Ова беше воедно и првиот одбранет пенал на Чех како голман на „Топџиите“. Арсенал победи 3:0 со головите на Мустафи, Обамејанг и Михтарјан.
На 23. јануари талентираниот фудбалер на Челси, Кенеди беше позајмен во Њукасл. На 10. март Кенеди го дава првиот гол за ’Касл и „Сент Џејмс Парк“ еуфорично го прославува. Нешто како кога ќе падне гол под Везув во Неапол:
После четири мачни години Фулам со сите сили се бори пак да се врати во англиската Премиер лига. Еден од главните творци на враќањето во елитата може да стане 17-годишниот Рајан Сесењон, дете на клубот и иднина на англиската репрезентација.
Џуџу Нода од Јапонија редовно победува на трките со нејзините врсници, возела во Формула 4 и на многу неофицијални натпреварувања иако има само 12 години. На нејзиниот феномен се чудат светските шампиони од Формула 1 кои ја поддржуваат да влезе во историјата.