Роналдо годинава има повеќе голови од Ман.Јунајтед, Борусија и Челси

Што ли му се случи на Кристијано Роналдо годинава? Дечкото подиве. Во ноември месец беше поефикасен само од напаѓачите на Беневенто, а сега во 2018-та има ист број на голови со Милан и Арсенал. Пазете колку цели екипи.

Викендов на фудбалската сцена колото со 4 гола го отвори Салах 4, па продолжи Икарди и на крај го заврши Роналдо, ама неговиот покер донесе еден податок на кој можеби ќе се чудите.
 
Кристијано Роналдо во ноември имаше бедни 2 гола во Ла Лига исто колку напаѓачите на Хадерсфилд и Бурнемут, а во моментов е стрелец број 1 на сите натпреварувања во топ 5 лигите со 37 гола. Само во Ла Лига до нова година имаше дадено 5 гола, а од тогаш до сега 17.
 
Реал Мадрид на последните 5 средби на домашен терен експлодираше со 25 гола, а Кристијано Роналдо на последните 10 меча во првенство и ЛШ има дадено 21 гол.
 
Неговата голгетерска форма толку нагло се подигна, што ретко кога постигнува по 1 гол на натпревар. Тоа го стори годинава само против Бетис и ПСЖ, на шест средби даде по 2 гола, постигна еден хет-трик и синоќа 4 комада против Еибар.
 
Бензема сезонава постигнува гол на секои 317 минути, Асенсио на 226, Бејл на 135, а Роналдо на 81 минута. Против Џирона стигна до јубилеен 50-ти хет-трик во кариерата. Машина.
 
Мртвата трка на стрелците во топ 5 лигите изгледа вака:
 
Кристијано Роналдо - 37 гола на 35 меча (1.06)
Мохамед Салах - 36 гола на 40 меча (0.9)
Хари Кејн - 35 гола на 39 меча (0.9)
Лионел Меси - 35 гола на 43 меча (0.81)
Чиро Имобиле - 34 гола на 36 меча (0.94)
Единсон Кавани - 33 гола на 38 меча (0.87)
Роберт Левандовски - 32 гола на 38 меча (0.84)
Серхио Агуеро - 30 гола на 36 меча (0.83)
Нејмар - 28 гола на 30 меча (0.93)
19 март 2018 - 10:21