Интересно и малку познато е дека во историјата на Формула 1 учествувале само пет жени. Една од нив е Леле Ломбарди која сензационално успеала дури и да освои бодови на Гран-при во Шпанија 1975. година.
Од тогаш до досега поминаа повеќе од 40 години, физичкиот напор се зголеми значително и жените престанаа да бидат и тест-пилоти или да работат на симулација.
Но во новата генерација пилоти има едно чудесно девојче кое го менува трендот. Се вика Џуџу Нода - има 12 години и доаѓа од Јапонија. На 9 години Нода првпат седнала во еден болид во Формула 4 и станала најмладиот пилот во историјата на авто-мото спортовите. Веќе на 11 години пристапила кон Формула 3 каде се вози далеку посериозно.
Иако сите сесии и трки на кои Јапонката учествувала немале официјален статус затоа што лиценца може да се добие со 16 години, Џуџу не заостаунавала зад своите колеги.
Минатата година извозела круг во Формула 4 во Окајама з 1.32, што е официјален домашен рекорд во Јапонија. Претходниот изнесувал 1.33,769 и го држел Синтаро Каваата на 22 години. Сега девојче од 11 години е побрза од некогашниот јапонски пилот.
КОЛКУ РЕАЛНО ДОБРО ВОЗИ ЈАПОНКАТА?
Не баш секој шестоодделенец или скоро никој не е способен да се справи со болид кој лета до 240 км/час.
She’s 11. In a F3 car!!!!!!! 👏🏾 pic.twitter.com/0sZU3X0FYO
— Jann Mardenborough (@Jannthaman) February 22, 2018
На осумгодишна возраст малечката Нода ги освоила сите турнири по картинг со нејзините врсници, а евентуална проба во Европа во топ шампионатите на ФИА (Светската асоцијација) била преголем залак и трошок за семејството.
Потоа нејзините родители решиле да и овозможат да вози пробно во болид на Формула 4 за девојчето подобро да се навикне на сложената техника и да нема потешкотии кога ќе дебитира.
И Џуџу одлично се справила со големиот болид: и покрај тоа што била лесна како пердуф со само 30 килограми тежина, таа со леснотија го изнела товарот на патеката и го срушила митот за послабата физичка спремност кај жените.
„Кога сум во болидот не чувстувам напор поради тежината. Мускулите на вратот и торзото ме болат малку следниот ден. Не се плашам од брзината. Само еднаш се преплашив многу, кога излетав од патеката и се извртев на една трка. Но татко ми ми кажа дека такви работи понекогаш се случуваат и ако се плашам, никогаш нема да станам пилот. Ми кажа и дека се ќе биде во ред ако престанам да возам. Му реков дека немам намера да престанам“.
Формула 3 е позахтевна при пилотажа, така што ќе треба повеќе да работам на физичката сила за подобро да го управувам болидот - зошто во иднина нема да имам такви мускули како машките“, вели Џуџу за автоспорт програмата Samurai Wheels.
Но Џуџу Нода одлично се справува со болидот и победува на неофицијални трки за млади пилоти до 17 години. Последен пат успешно возела на Challenge Cup U17 под покровителство на Ф3 и Ф4.
Нода сака да победува во Формула 1
„Многу сакам да одам напред. Жените веќе возеле во Формула 1 но никогаш ниту една не успеала да победи. Јас сакам да станам првата. Многу ми е интересна и Формула Е. Но за сега можам само да тренирам зошто дозвола за трки смеам да добијам за четири години“, свесна е и чесна малата Јапонка дека има уште долго време додека добие зелено светло да вози на сериозни патеки.
Необично е што целиот нејзин развоен пат изгледа тотално уникатен: дури и најмладиот пилот во историјата на Формула 1 Макс Ферстапен до 16 години возел картинг.
Во 2022-ра година веќе би имала пет години искуство во Формула 3 и седум години во Формула 4 така што Јапонија ќе знае на што може да смета.
Многу и помага татко ѝ
Џуџу е ќерка на Хидеки Нода, поранешен пилот на екипата Ларус во најдобрата Формула 1. Нода возел и во Формула Нипон, на Индикар, на Супер ГТ, на А1GP, па дури и на 24 часа Ле Ман. По завршувањето на кариерата основал академија за млади возачи во родниот град Окајама. Како што ретко бидува, најталентиран ученик станала неговата ќерка.
„Ја научив некои основи, но таа има страшно природен талент. Има поголем талент и од мене. Способна е да ја чувствува можноста на машината и гумите. Тие аспекти се многу важни зошто никој никогаш не те учи тоа. А таа се роди таква. Ако почувствува дека снагата на болидот е до крајни граници, таа намалува но останува фокусирана на спокојноста и брзината“, Хидеки Нода го опишува талентот на неговата ќерка.
Нода постариот немал некоја забележителна кариера (две победи во Супер ГТ и една во Indy Lights), но со тренирањето на својата ќерка се справува многу подобро.
Џуџу Нода станува популарна
Преминот во Формула 1 секогаш зависи не само од природниот талент туку и од спонзорската поддршка којашто е многу важен фактор - како и армијата навивачи или личната финансиска состојба а семејството Нода постепено собира средства за малечката еден ден да го оствари сонот.
За јапонскиот феномен светот слушна и преку Forbes, за нејзиниот талент шампионот од 2009-та година Џенсон Батон напиша на Твитер а бројот на следбеници на Инстаграм ѝ расте секојдневно. Девојчето има и официјален сајт а минатата есен снимила дури и реклама за Gran Turismo Sport.
Во историјата на Формула 1 учествувале вкупно 20 пилоти од Јапонија но ниту еден од нив никогаш не победил на Гран-при. Дали Џуџу ќе стане првата девојка во историјата што ќе слави на Ф1 трка останува да видиме.