Макпетрол со колективна игра до победа над Еуро Табак

Во првиот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Макпетрол, ЈСП и Аџибадем Систина.

Систина хируршки прецизна во второто полувреме во дулеот со Лукоил

Аџибадем Систина 6-4(3-3) Лукоил

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 4’ 9’ 40’ Никола Малјановски 9’ Бојан Божиновски 33’ Кристијан Димковски 39’

Лукоил: Мартин Алаѓозовски7’ Лоренцо Николовски 11’ 23’ Жарко Климкаров 15’

Петнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Аџибадем Систина и Лукоил. Фуриозен почеток на првото полувреме, двата тима започнаа со жесток ритам на игра што резултираше со многу шанси и одлични погодоци. Екипата на Систина прва го скрши отпорот на продивникот за водство од 1-0 во 4та минута, само неколку минути подоцна веќе во 7та минута екипата на Телеком успеа да го изедначи резултатот. Во остатокот од полувремето видовме изедначена игра со атрактивни погодоци кои следеа по грешка на противникот. На крајот на полувремето резултатот гласеше 3-3. Во второто полувреме екипата на Лукоил беше таа која ја превзема иницијативата што вроди со полод уште во 23та минута, екипата на Систина после ова водство ја зацврсти одбраната и со брзи акции се обидуваше повторно да ја врати резултатската неизвесност во што успеа преку својот голман Божиновски во 33та минута. Во финишот од натпреварот екипата на Систина успеа да искористи два контра напади и успеа во последните минути да ги однесе бодовите со резултат од 6-4.

ЈСП преку расположениот Павловиќ до бодовите во дуелот со Телеком

Македонски Телеком 2-4(1-2) ЈСП

Македонски Телеком: Трајче Крстев 19’ Агрон Пацоли 29’

ЈСП: Љупчо Павловиќ 10’ 11’ 25’ 40’

Првата фаза од полувремето помеѓу Телеком и ЈСП измина во нешто помирно темпо и двете екипи калкулираа со играта и чекаа противникот да го повлече првиот потег. Екипата на ЈСП беше таа што успеа да нематне иницијатива и да врши постојан притисок кон противничкиот гол, што резултираше со два погодоци на Павловиќ во 10та и 11та минута. По ова водство на екипата на ЈСП екипата на Телеком тргна нешто поофанзивно кон противничкиот гол и се обидуваше преку Пацоли како голман-играч да створи вишок во нападот со цел да дојде до израмнување. До крајот на полувремето екипата на Телеком успеа само да ја ублажи разликата која на паузата беше 1-2. Во второто полувреме видовме нешто поагресивен фудбал од страна на двата тима, екипата на ЈСП уште на самиот старт на полувремето ја наметна својата препознатлива игра со многу комбинаторика за која екипата на Телеком немаше решение. До крајот на натпреварот екипата на ЈСП успеа да постигне уште два погодоцинаспроти еден погодок на Телеком, на карајот од натпреварот резултатот гласеше 2-4

Макпетрол со колективна игра до победа над Еуро Табак

Макпетрол 8-3(3-0) Еуро Табак

Макептрол: Мишо Ѓоргиевски 9’ 35’ 38’ 39’ Александар Мишоски 10’ 29’ 30’ Илчо Филипоски 19’

Еуро Табак: Дејан Јанковски 22’ 40' 40'

Интересно прво полувреме со многу шанси, атрактивни потези и одлични акции одиграа екипите на Макпетрол и Еуро Табак. Екипата на Макпетрол влезе помотивирано во овој натпревар и ја превзеде иницијативата уште на самиот старт, кон средината на полувремето успеаа да постигнат два погодоци за водство од 2-0. Екипата на Еуро Табак тргна со поофанзине фудбал и со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Макпетрол доста умешно ја имаше поставено својата одбрана и не дозволи Еуро Табак резултатски да се доближи. На полувремето се замина со резултат од 3-0. На самиот старт навторото полувреме екипата на Еуро Табак успеа да постигне погодоки да ја ублажи високата предност на екипата на Макпетрол, по овој погодок екипата на Еуро Табка тргна во целосна офанзива по израмнување но заборави на својата одбрана што Макпетрол вешто го искористи и преку контра напади континуирано го зголемуваше водството. На крајот од натпреварот екипата на Макпетрол ја однесе победата со резулутат од 8-3.

13 март 2018 - 16:19