Халк Банка во неизвесна завршница до победата над Вип

Екипите на Халк Банка, ЈСП и Лукоил славеа победи во првиот ден од 17. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Лукоил со колективна игра до победа над ЕВН

Лукоил 3-1(2-0) ЕВН

Лукоил:Лоренцо Николовски 6’ Љупчо Апостоловски 15’ Мартин Алаѓозовски 23’

ЕВН: Ајет Новобрдарија 22’

Седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Лукоил и ЕВН.

Првото полувреме и припадна на екипата на Лукоил која уште на самиот старт успеа да наметне напаѓачки стил на игра што резултираше со водство од 1-0 во 6та минута. По ова водство екипата на ЕВН направи промена во тактиката и успеа дасоздаде шанси за израмнување но сепак во ова полувреме имаа слаба реализација, тоа успеа да го казни екипата на Лукоил која при крајот од полувремето успеа да постигне уште еден погодок и на паузата да замине со предност од 2-0.Во второто полувреме на самиот старт екипата на ЕВН успеа да реализира преку одлично изведен контра напад, што ја врати неизвесноста и придонесе двете екипи да го подигнат темпото на игра. Во овој начин на игра повеќе подобро се снајде екипата на Лукоил, која го доби овој натпревар со резултат од 3-1.

ЈСП во финишот до три бодови

ЈСП 5-4(2-2) ЕЛЕМ

ЈСП: Даниел Антовски 7’ 13’ Љупчо Павловиќ 22’ 30’ Сабит Хусеини 40’

ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 7’ Влатко Петровски 18’ Александар Бокан 36’ Златко Станковски 38’

Резултатот во првото полувреме од дуелот помеѓу ЈСП и ЕЛЕМ го отвори екипата на ЕЛЕМ уште во 7та минута. Кратко после ова отварање на резултатот екипата на ЈСП ги консолидира своите редови се префрли на противничката половина и го изедначи резултатот. Во остатоткот од полувремето се играше рамноправно и двете екипи се обидуваа да го изненадат протиничкиот голман и да го свртат резултатот во нивна полза, ова и успеа да на екипата на ЈСП која со одличен погодок од далечина дојде до предност од 2-1. Во последните минути од натпреварот екипата на ЕЛЕМ успа да реализира преку Петровски и да дојде до резултат од 2-2 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме двете екипи продолжија со висок ритам на игра, екипата на ЈСП беше таа која на почетокот на полувремето ја превзема иницијативата и успеа да дојде до водство од 4-2. Екипата на ЕЛЕМ не се откажуваше па успеа да искористи пад во концентрацијата на ЈСП па во 38та минута од натпреварот успеа да дојде до изедначен резултат од 4-4. Во финишот од натпреварот екипата на ЈСП успеа постигне погодок за победа од 5-4.

Халк Банка во неизвесна завршница до победата над Вип

Вип 4-7(1-3) Халк Банка

Вип: Мартин Тодоровски 5’ 22’ 40’ Никола Спасевски 26’

Халк Банка: Игор Стојановски 6’ Мартин Дамески 9’ 37’ 38’ Влатко Блажевски 14’ Дејан Петковски 30’ Алпер Тахир 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Вип и Халк Банка, прва до водство дојде екипата на Вип во 5та минута од натпреварот. Екипата на Халк Банка успеа брзо да врати на ова водство и веќе во минута подоцна го израмни резултатот. До крајот од полувремето екипата на Халк Банка имаше повеќе од играта и успеа да направи резултатска предност од 1-3 со која се замина на полувремето. Во второто полувремесе продолжи со жестоко темпо на игра со бескомпромисни дуели на секој дел од теренот, екипата на Вип кон средината на полувремето успеа да го израмни резултатот на 3-3 и вториот дел од полувремето да го направи доста неизвесен. Екипата на Вип немаше доволно сили да направи целосен резултаски пресврт што го искористи Халк Банка за победа на овој дуел со 4-7.

27 март 2018 - 09:03