Полуостровот Гибралтар кој на мапа може да го лоцирате кај Јужна Шпанија ја совлада Летонија на пријателски дуел и тоа со гол од слободен удар во 88-ма минута.
Домаќините имаа и малку среќа бидејќи топката се одби од живиот ѕид и го измами голманот, а стрелец беше Лиам Вокер кој настапува во англискиот четвртолигаш Нотс Каунти.
За земјата со 30.000 жители ова е прва победа како членка на ФИФА и втора во историјата, а ја прославија против земја која има 1,9 милиони жители. Првиот пат славеа на 4 јуни 2014-та против Малта исто така на пријателска 1:0.
Пред овој меч Гибралтар имаше серија од 23 порази и едно реми како и 117 примени голови, а само на последните 9 меча примија 57 гола.
Откако постои најмалата фудбалска земја инаку сместена на последното 206-то место на ранг листата на ФИФА има вкупен скор од 2 победи, 3 ремија и 25 порази. Нерешените натпревари им се со Словачка (2013) која за нив е гигант, потоа со Естонија (2014) и со Лихтенштајн (2016).
Во квалификациите за СП 2018 беа во група со Белгија, Грција, БиХ, Естонија и Кипар и ги загубија сите 10 натпревари со гол разлика 3:47. Белгијците им го нанесоа највисокиот пораз од 9:0.
Ова беа коефициентите за мечот Гибралтар - Летонија на кој имаше ограничување во игрите.
Токму со нив сме во група во Лига на нации и токму со нив го отвораме и го затвораме новото натпреварување. На 6 септември им гостуваме, а на 19-ти ноември ги пречекуваме во Скопје.
Ова е нивниот победнички гол со позадина нискоградба.