Шоу на Икарди со 4 гола за 22 минути и петица за најавна шпица

Првиот неделен натпревар од Серија А донесе спектакл, кандидат за гол на сезоната и историски подвиг, сето тоа благодарение на еден од најдобрите напаѓачи во моментов во Италија.

Фудбалерите на Интер ја разнесоа Сампдорија со петарда на гости, а мечот го добија уште во првиот дел со 0:4. Мауро Икарди блесна со хет трик за 14 минути и вкупно 4 гола од 30-та до 52-ра минута.

24 годишниот Аргентинец сега има 22 гола и со тоа му се доближи на Чиро Имобиле кој води на листата со 24. Икарди стана шестиот најмлад фудбалер со 100 гола во Серија А.

Вториот гол сигурно ќе влезе во најтесен избор како кандидат за гол на сезоната.

Првиот

Третиот

Четвртиот

Резултатот го отвори Иван Перишиќ 

18 март 2018 - 14:30