Пекабеско во второто полувреме до победа над Бетон

Екипите на Џонсон Мети, Рамстор и Пекабеско славеа во претпоследниот ден од 15. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Пекабеско во второто полувреме до победа над Бетон

Пекабеско 5-2(1-1) Бетон

Пекабеско: Петар Киприновски 2’ 23’ Бобан Вујиќ 30’ Слободан Игнатов 38’ Јовица Левајковски 40’

Бетон: Цветко Голабоски 20’ 21’

Првото полувреме од дуелот помеѓу екипите на Пекабеско и Бетон помина со смирено темпо на игра. Екипата на Пекабеско со брза реализација на почетокот на полувремето успеа да го отвори резултатот после ова брз водство двете екипи својата игра ја фокусираа на средината на теренот и чекаа на грешка на противникот. Мрежите мируваа се до крајот на полувремето кога екипата на Бетон преку одличен контра напад успеа да реализира и да го израмни резултатот на 1-1 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Бетон го подигна темпото на игра и со брза реализација уште во 21та минута го превзема водството, но само неколку минути подоцна екипата на Пекабеско преку својот голман повторно дојде до изедначување. По ова изедначување екипата на Пекабеско притисна кон противничкиот гол и тргна по целосен пресврт тоа им тргна од рака во 30та минута кога дојдоа до поволен резултат од 3-2. До крајот од натпреварот екипата на Пекабеско само го зголемуваше своето водство до конечни 5-2.

Џонсон Мети убедлив во дуелот со Раде Кончар

Раде Кончар 2-14(1-7) Џонсон Мети

Раде Кончар: Даниел Ивановски 3’ Сашо Трпчевски 39’

Џонсон Мети: Мартин Николовски 7’ 39’ Христијан Стојановски 10’ 15’ 17’ 36’ 40’ Даниел Стојановски 11’ 28’ 37’ Љупчо Стојановски 13’ Младен Спасовски 18’ Александар Недев 29’ 38’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу Раде Кончар и Џонасон Мети видовме одлична игра од страна на екипата на Џонсон Мети која ја имаше контролата на играта уште на самиот старт. Тие со брзи и воиграни акции успеваа да најдат решение за лесен погодок. Екипата на Раде Кончар и покрај честите промени на тактика не успеаа да најдат решение за расположената екипа на Џонсон Мети. Мора да напоменеме дека екипата на Раде Кончар во овој дуел влезе практично без играчи за измена што допринесе разликата на полувремето да изнесува високи 7-1. Во второто полувреме иста слика екипата на Џонсон Мети продолжи во ист висок ритам на игра офанзивно кон голот на Раде Кончар што резултираше со убедлива победа од 2-14.

Рамстор ја сочува победата во дуелот со Халк Банка

Рамстор8-7(7-2)Халк Банка

Рамстор: Ведат Арслан 6’ 9’ 10’ 20’ 32’ Кадир Јахија 2’ 4’ 17’

Халк Банка: Игор Стојановски 7’ 28’ Ерсин Тахир 17’ Дејан Петкоски 22’ 34’ Дарко Крстевски 30’ 37’

Првото полувреме од дуелот Рамстор и Халк Банка се одвиваше во висок ритам на игра и исполнето со прекрасни акции и одлични погодоци. Во првата фаза од полувремето екипата на Рамстор ја превзеде иницијативата и со одлични воиграни акции успеа да стекне солидно водство. Екипата на Халк Банка до крајот на полувремето се обидуваше да го намали водството на Рамстори и до крајот на полувремето успеа да постигне само два погодоци за високи 7-2 за екипата на Рамстор. Во второто полувреме видовме сосема различна слика екипиата на Халк Банка влезе многу мотивирано и успеа да ја стопи високата предност на Рамстор и да го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Во финишот од натпреварот екипата на Халк Банка со последен налет се обиде да дојде до изедначувањено не успеа во тоа па Рамстор славеше со 8-7

16 март 2018 - 08:48