Едно време за оние помалку упатените постоеше заврзлама со прашањето дали е правилно Ирак или Иран. На фудбалската мапа постојат клубови со потполно или приближно исто име кои те тераат повеќе да размислиш кога ќе се сретнат меѓу себе.
На 28 март 1993 година на само 16 години, 6 месеци и 1 ден Франческо Тоти првпат истрча на Олимпико во дресот на Рома која вечерва против Лион ќе игра да му го продолжи патот на ветеранот низ Европа.
Тимот предводен од Португалецот Леонардо Жардим (42) е составен од млади фудбалери на кои цената вртоглаво им расте. И нормално, зошто дечките играат убав фудбал за око, најефикасни се во цела Европа и на добар пат се да станат шампиони на Франција.
Свежите странски пари колку можат да бидат добри, толку можат да бидат и лоши. Во случајот со екипите од Милано за сега нема ништо добро, туку само една необична смена на термин на кој нема навивач кој не би се побунил.
Биби, Вебер, Дивац, Даг Кристи, Стојаковиќ, Хидо Туркоглу, Скот Поларт, Боби Џексон против Коби, Рик Фокс, Шекил, Дерек Фишер и Роберт Хори. Каков мегдан беше тој поради кој се каснеше на работа, во школо, на факултет.
На Јувентус му судат пенал. Тоа е еден од најироничните транспаренти сезонава кои се појавија изминатиов викенд на стадионите во Серија А. Јуве доби пенал и вчера и во петокот, ама изминативе неколку сезони и не баш како што мислите.
Дечкото уствари навива за Јуве, тимот кој пред две години загуби во финале во ЛШ од Барса, но тоа не му било пречка до рано сабајле да биде дел од големото славје во центарот на Барселона. Не планирал да оди на Камп Ноу, ама сепак пресуден бил веројатно неговиот прекар.
Викендов се одигра големото јадранско дерби меѓу Хајдук и Ријека (1:1). Како што најавија, навивачите на Ријека, околу 1.000 души со траект цели 12 часа патувале до сплитскиот брег. Дербито го одбележаа неколку бакљади, пароли, прекини.
Ракометарите на Вардар го совладаа Кристијанштад и стигнаа до 10-та победа во групната фаза од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак на својот јубилеен меч во групната фаза, стана првиот клуб кој успеа директно да се пласира во топ 8 фазата од најелитното клупско натпреварување.
Кога на 18 години добиваш 5 милиони фунти годишно не знаеш што попрво да направиш со себе и мислиш дека можеш да го имаш целиот свет. Кога ќе се погледнеш во огледало еден ден ќе сфатиш дека си правел само глупак од себе и ништо друго.
Вчерашната инфаркт завршница меѓу Барселона и ПСЖ не е единствен пресврт во историјата на фудбалот. Ретко кој ќе го заборави Солскјер и ’99-та или Депортиво и Ливерпул против Милан.
Давид Дејвис кој беше во стручниот штаб на машката ракометна екипа, па ја замени Индира Кастратовиќ на клупата во женскиот клуб, побарал да се врати на старото место.
Иако сакале да ги избегнат бесните ултраси па слетале на помалиот париски аеродром Ла Бужре, фудбалерите на ПСЖ биле пресретнати од 30-ина навивачи кои ги опколувале нивните коли. Во еден момент Тиаго Мота удрил со кола некој навивач кој бил префрлен во болницата во Сен Дени, а оштетена била колата на Маркињос.
Од мал бил атипичен лидер, не викал многу, бил скромен и најдобар во секое хоби со кое се занимавал. А скокал во далечина, фрлал копје, играл пинг-понг, кошарка и ракомет. Кога стигнал факс од Реал Мадрид неговите побарале време да размислат. А тогаш стигнал факс од Камп Ноу.
Иако имаат доминантна улога во светот на фудбалот, на Каталонците само неколку пати во историјата им успеала фамозната remontada, пресврт во реваншот по убедливо загубен прв натпревар.
И сега се прашувате што бараат овие “чесни“ момци заедно во наслов. Гол.ком направи листа на топ 20 најконтроверзни претседатели во фудбалот. Друштвото е “ултра скромно“, а од нив дури седуммина се Италијанци.
Втор меч, втор гол на Давид Бабунски кој реагираше маестрално на прва на мечот против Сапоро кој го доби Јокохама со 3:0. На македонскиот репрезентативец одлично му тргна во Јапонија, а беше стрелец и на минатиот меч кој го добија со 3:2.
Ракометарите на Вардар ја прекинаа серијата од три победи по ред во Лигата на шампионите и со овој пораз од Мешков Брест само го одложија денот на заверување на визата за топ 8 фазата.
Римското дерби не е збирно место само за Римјани. Го посетуваат Срби, Хрвати, Македонци, Словенци или поточно од сите балкански земји. Токму еден од нив си замина дома со дрес од стрелецот на првиот гол во Купот, познат како СМС. Го имаме ексклузивно со кусо интервју.
Речиси сите фудбалски судии имаат своја професија, а судењето им е само тезга во животот. Меѓу нив има комерцијалисти, адвокати, пожарникари, банкари па се до фризери. Ова се сите актуелни судии во Серија А со нивната професија и статистика: на кого му најмногу победи, а на кого порази.