Дуото Бекир-Арслан со одлична игра го водеа Рамстор до победа над Окта

Екипите на Систина, Рамстор и Лукоил стигнаа до победи во вториот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Аџибадем Систина мотивирано до победа над НЛБ Банка
Аџибадем Систина 6-2(4-1)НЛБ Банка
Аџибадем Систина : Ивица Петровски 3’ Никола Трајковски 7’ 7’ Далибор Дамњановиќ 17’Горан Манов 27’Кристијан Димковски 40’
НЛБ Банка: Жарко Димитриевски 16’ Стојан Сапаловски23’

Екипата на Аџибадем Систина во дуелот со НЛБ Банка уште на самиот старт влезе мошне мотивирано наметнувајќи високо темпо на игра, кај НЛБ Банка беше воочлива лоша поставеност на играта во одбраната која Аџибадем Систина максимално ја искористи и со одлична реализација успеа на полувремето да има предност од 3 гола. Полувреме 4-1. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина продолжи во ист ритам не давајќи и на екипата на НЛБ Банка простор да фати резултатски приклучок по што на крајот успеа да извојува победа од 6-2.

Дуото Бекир-Арслан со одлична игра го водеа Рамстор до победа над Окта
Рамстор 9-3 (4-1) Окта
Рамстор: Ведат Арслан 5’ 19’ 24’ Ибрахим Бекир 6’ 9’ 26’ 39’ 40’ Зоран Алексовски 23’
Окта: Драганче Стојановски 19’ Александар Јовчевски 34’ Живко Котевски 40’

Дуелот помеѓу екипите на Рамстор и Окта го отвори екипата на Рамстор преку Арслан во рана фаза од натпреварот уште во 5 та минута на кој му се приклучи и Бекир само минута подоцна. Екипата на Окта не можеше да ја одбие офанзивата на Рамстор кој имаше во своите редови расположени поедници преку кои на полувремето замина со резултат од 4-1. Во второто полувреме двоецот Бекир-Арслан беа носители на играта на Рамстор. Екипата на Окта немаше соодветна одбрана за ова дуо кое очигледно имаше своја вечер па заедно успеаа да постигнад дури 8 гола и да му донесат победа на Рамстор од 9-3

Лукоил со перфектна реализација до победа над Пекабеско
Пекабеско 3-6(1-3) Лукоил
Пекабеско: Дарко Рунтев 19’ Слободан Игнатов 24’ Маријан Величковски 31’
Лукоил: Мартин Алаѓозовски 14’ 40’ Љупчо Апостоловски 15’ 38’ Станој Коцев 19’ Жарко Климкаров 30’

Брз и динамичен фудбал со високо темпо на притисок и цврста одбрана покажаа екипите на Пекабеско и Лукоил. Во првото полувреме се играше егал но екипата на Лукоил со подобра реалзација успеа да го заврши полувремето со два гола разлика 1-3. Во второто полувреме екипата на Пекабеско успеа да фати резултатски приклучок и имаше пенал за израмнување на 3-3 кој не го реализираше по што дојде до психолошки пад во нивната игра што Лукоил успеа да го искористи и со маестрална игра и перфектна завршница успеа да го добие овој натпревар со 3-6.

15 март 2017 - 09:15