По Џиџо Донарума, Европа во моментов може да ужива во уште еден феномен роден 1999-та година. Лука Дончиќ игра плеј, висок е 201см и тежок 99 кг. До вчера го сметаа за најдобриот малолетен играч во историјата на Евролига, а веќе од денес ќе може да полага за возачка дозвола и да гласа на избори.
Лука Дончиќ го носи бројот 7 и е еден од најдобрите играчи на “Кралскиот клуб“.
18 занимливости за неговиот 18 роденден:
1. Прекарот му е Нињо Маравиља
Во Шпанија и претежно во земјите од Латинска Америка прекарот Нињо Маравиља ("Niño Maravilla) се користи за чудо од дете. Ист прекар уште од времето има и Алексис Санчез, фудбалерот на Арсенал.
2. Подарок - баскет
Уште од првата година па до денес, Лука за роденденски поклон добивал кошарска топка од сите другари. Неверојатен е фактот што во неговиот дом во Словенија имал 110 кошаркарски топки.
3. Дете на уметници
Татко му Саша, роден 1974-та играл во Евролигата во дресот на Олимпија Љубљана (просек од 2,8 поени по натпревар) и имал неколку настапи за репрезентацијата на Словенија. Мајка му е балерина и работи во светот на модата. Таа била ’виновна’ што Лука многу сакал да оди во шопинг во слободно време.
4. Посебна музика
Мајка му раскажувала за словенечките медиуми дека кога Лука имал три месеци, единствено место каде што не плачел е кога го носела во сала каде татко му тренирал. “Чудно, но како тапкањето на баскетот по паркетот да го смируваше“.
5. Роден победник
Страшниот талент на Лука Дончиќ бил очигледен уште на рана возраст. Го приметиле неговите први наставници по физичко: „Лука на 6 години можеше да погоди тројка од 7 метри додека неговите врсници не можеа да дофрлат до мрежата“, се сеќава еден учител.
Во 2012-та Дончиќ се пресели во Мадрид каде почна да игра за јуниорите на Реал. Јејо Висенте, еден од тогашните неговит тренери вели: „Требаше да го усмериме неговиот талент во права насока, затоа што беше многу загреан за натпревари. Роден победник е“.
6. Незаборавниот натпревар
Во трофејната сала на младинците на Реал, Лука донел неколку трофеи. Во 2015-та на само 16 години го водеше Реал Мадрид до титулата освоена во финалето против Бадалона. Тогаш постигна 15 поени, имаше 12 скока и 15 асистенции (индекс на корисност 47).
Дебито за Реал Мадрид со луда тројка:
7. Самокритика
Лука Дончиќ отсекогаш бил самокритичен и на прашањата каде треба да се подобри вели: „Мора да работам пред се на брзината во транзиција во контри и во шутот, во брзина на исфрлање на топката. Можам да ги бранам сите крилни напади, но во нападот секогаш сакам да бидам плеј за да ја контролирам играта“.
8. 5 титули
Како малолетник освои 2 првенства со првиот тим на Реал Мадрид (2015, 2016), 2 Копа дел Реј (2016, 2017) и еден Интернационален Куп (2015).
9. Ментор - Кајл Корвер
Во летото 2015 Лука не дошол во базата на младинската репрезентација на Словенија за да оди во Калифорнија и да тренира со Кајл Корвер (денес во Кливленд Кавс). Корвер важи за еден од најдобрите бекови-шутери во светот. Во летото 2017-та Лука ќе игра на Европското првенство за сениорската репрезентација на Словенија.
10. Наследник на Горан Драгиќ
Најдобриот словенечки кошаркар на денешницата, Горан Драгиќ за Лука изјави: „Едвај чекам да играм со него во репрезентацијата, тој има голема страст за кошарката. Со таков талент не може да не напредуваш и самиот“.
На иста фреквенција е и легендарниот Бено Удрих: „Само небото е граница за него. Треба да продолжи да ги слуша поискусните кошаркари и да работи напорно“.
Хајлајтс од партијата на Лука против Бамберг во Евролига:
11. Нов агент - Бил Дафи
На почетокот на 2017 Лука одбрал да биде претставуван од Бил Дафи, агент од познатата BDA Sports Management. Тој е менаџер на Мајк Конли, Раџон Рондо, Ендрју Вигинс и Горан Драгиќ.
12. Драфт 2018 - Можен прв пик
Според специјализираниот сајт Draft Express Лука би можел да биде прв или втор пик на Драфтот 2018. Најголеми конкуренти на врвот во моментов му се центарот ДеАндре Ајтон (Хилкрест Академија) но и неверојатниот Мохамед Бамба (Весттаун Училиштите).
13. НЕ на Шпанија, верен на Словенија
Шпанската кошаркарска федерација веќе неколку години им нуди фантастични услови на младите играчи кои доаѓаат од страна со цел да заиграат за ’Црвената фурија’, но Лука во септември 2016-та ги тргна сите дилеми:
„Благодарен сум му на Реал, на градот Мадрид и на Шпанија за се што направија за мене, но мојот избор отсекогаш беше да играм за мојата земја, за мојата Словенија“.
14. Првиот сериозен настап
Лука се прослави во 8. коло од шпанската младинска лига АЦБ во сезоната 2015/2016
15 поени со 5 скока и 5 асистенции против Билбао. Неговиот рекорд во првенството е 23 поени, 11 асистенции и индекс на корисност 34 во дуел против Фуенлабрада годинава.
Реал Мадрид за првпат го прекомандувал во првиот тим на само 15 години и 8 месеци.
15. Храброста за решавачки шут
Томас Белас, плејот на Сарагоса раскажа една анегдота: „На крајот од мечот против Реал Мадрид кога се играше кош за кош пробав да го предизвикам и му кажав: ’Немаш храброст да шутнеш’. Лука ја зема топката и ни ја даде победничката тројка. Тогаш имаше 17 години.
16. МВП
Сезонава Словенецот стана најмладиот играч кој добил награда МВП на неделата во шпанското првенство (4. декември) и најмлад во Евролигата (20 декември и 13 јануари) како малолетен.
17. Доверба од тренерот Ласо
Стратегот на Реал, одличниот Пабло Ласо има неизмерна доверба во Дончиќ: „Лука дојде тука во Мадрид кога имаше 13 години и веднаш сфативме дека е поинаков дека има голем талент. Тешко е да се тренира таков талент“, вели Ласо.
Неговиот соиграч и ментор Треј Томпкинс непрестано го фали: „Никогаш не сум видел толку талентирано момче со такви способности. Редок талент“.
18. Шоуто во Купот
Пред неколку дена Реал Мадрид го освои шпанскиот Копа дел Реј, а Лука имаше во просек 14,7 поени, 6,7 скока и 5,3 асистенции. Пред мечот против Андора, противниците посветија еден Твит до мајката на Лука: „Госпоѓо, малиот треба да оди во кревет порано. Мечот од 21:30 е многу доцна за него“.
¡Ni en el día de su cumpleaños dejan de trolearle! "Tartazo" de @9FelipeReyes a @luka7doncic (vía RMTV) pic.twitter.com/MboQkCdMGp
— Todo RM Baloncesto (@TodoRMBasket) February 28, 2017