Зеленски: Немаме време, немаме луѓе

Пред неполни две недели, Путин предложи мировен план за Украина (онаков каков што му одговара), но Зеленски инстантно го одби. Овојпат некои сосема поинакви аргументи изнесува на виделина: „Многу луѓе умираат, немаме доволно луѓе за да ја продолжиме војната уште многу долго“. Ако не е некоја ВИ ујдурма, тогаш ова е битен пресврт во корист на можен мир. Ако дозволат Американците.

Мора да најдеме и да поготвиме план и тој план да го ставиме на маса и тоа треба да биде прашање на месеци.

Немаме премногу време бидејќи имаме многу загинати и ранети луѓе, на фронтот и меѓу цивилите.

Не сакаме оваа војна да трае со години. Затоа сакаме да имаме план и да го ставиме на маса на вториот Мировен самит.

 

 

28 јуни 2024 - 08:05