Во 2004. година во Шпанија, Серхи Роберто првпат се појавил на детскиот фудбалски турнир Copa Danet којшто трае два месеци, од мај до јули и на кој има илјадници деца од разни региони кои имаат право да играат за Шпанија на неофицијалното Светско првенство Danone Nations Cup.
Овој Светски Куп за млади играчи во септември 2016 се одигра во Париз а шампион стана Германија.
Таа 2004-та, во регионалната група составена од деца од Тарагона, Леида и Арагон првото место го освоила екипата Реус 2002.
Најдобар играч во таа етапа било 12-годишно дете кое додека ја примало наградата, смело го држело микрофонот во рака: „Ми кажаа дека најдобро од сè знам да асистирам за голови. Мои идоли се Зидан и Роналдињо, сакам да ги гледам како играат. Ќе ни биде тешко на финалниот турнир во Мадрид, таму има силни екипи како на пример Еспањол“.
На крајот, во престолнината Мадрид малите од Реус ги задржала Севиља (0:6) и никој од нив не отишол на Светското во Париз.
Во екипата Реус 2002 капитен бил Сержи Роберто. Бил лидер уште од детството. „Марија Кортин“ се викало основното школо на Реус коешто е основана по иронија на судбината во 1899 година - исто кога и фудбалскиот клуб Барселона.
Негова прва учителка по физичко била Џудит Кабасес која што се сеќава дека во класот имало 20 петгодишни деца, енергични и живи, но едно од нив посебно се истакнувал. Роберто не бил само најбрз или најиздржлив, туку бил најдобар во се и не бил спокоен што е понизок од другите деца.
Често одел на пливање, на скок во далечина, на фрлање копје, на мал фудбал: првата спортска медала Сержи ја добил за победа на кошаркарски турнир во градот на кој станал најдобар асистент. Повеќе сакал да додава отколку сам да шутира.
Интересот за кошарка му останал до ден денес - Роберто внимателно следи што се случува во НБА и Евролига. Но во низата спортски хобија недвосмислено лидер бил фудбалот.
Во првиот клуб Сантес Креус го освоил првиот пехар. Две години играл во школската фудбалска екипа, а на 8 години се запишал во системот на Сантес Креус, локален клуб со голема фудбалска традиција.
Четири години Серџи минал во категориите Бенјамин и Алевин од кои последните две со капитенска лента на раката. Во овие две години главен тренер на јуниорите (Алевин) бил Игнасио Родригес кој и денес работи со јуниорите на Сантес Креус.
Родригес му станал втор татко на Роберто, затоа што од него научил многу работи за фудбалот и општо за животот. Серџи и денес кога се двоумел за нешто му се јавувал на Игнасио за совет. Серџи и Родригес му донеле на Реус две титули во регионалното првенство а играле и во финалниот турнир на Каталонија каде еднаш загубиле од Дам а вторпат од Еспањол.
Кулминација на тој период во животот на Серџи станал гореспоменатиот Copa Danet. Пау Кастиљо, неговиот другар од детството и соиграч во Реус 2002 се сеќава како дошле на финалниот турнир во Мадрид и ја посетиле базата на Фудбалската Федерација на Шпанија во Лас-Росас:
„Престојувавме во собите на репрезентативците, а јас и Серџи ја добивме собата на Арбелоа. Мислам дека затоа изгубивме“, се смее Кастиљо додека се сеќава на тој период.
Кастиљо кој играл со Роберто во Сантес Креус вели дека Сержи бил атипичен капитен: „Он не беше некој од тие кои викаат на терен да ја бодрат екипата, но одлично се сеќаваме дека беше наш најважен играч“.
На Сержи му било комфорно да игра таму, имал другари и не сакал ништо помалку, но неговиот фудбалски талент бил неколку чекори пред другите.
„Моравме да направиме нешто за повеќе, но немавме детски екипи во повисоките лиги и му договоривме премин во Химнастик од Тарагона“, раскажува тренерот Игнасио Родригес. Роберто се согласил и на 12 години отишил во повисок ранг на сериозен фудбал.
Во Химнастик (или Настик како го викаат овој клуб во Шпанија), Сержи Роберто минал две години пред да им западне во око на скаутите на Еспањол.
Во летото 2006-та, на 14 години дошол во Барселона на дуел од младинската лига против локалниот клуб Дам. Тој натпревар, како што денес вели Сержи му го сменил животот.
Тој викенд кога клубот Дам го пречекал Настик на трибините на стадионот во Ноу Барис во потрага по таленти дошол Маноло Раморо, главниот скаут на Реал Мадрид за каталонски таленти. До него седнал и Албер Бенаж, одговорен скаут на Барселона кој дошол да го оценува стоперот на гостите Хозе Бараган.
Судбината сакала таа вечер Бараган да остане во сенка на Сержи Роберто. Тој играл така здраво што ниту Ромеро ниту Бенаж веќе не гледале друго дете на теренот. По два дена, во понеделникот во канцеларијата на Химнастик стигнал факс - клубот од престолнината бил прв. Реал пратил барање за трансфер на Роберто, но родителите на Сержи и самиот фудбалер, па и целото блиско семејство навивале за Барселона.
Родителите побарале неколку дена да размислат, но за среќа по нив не морале долго да мислат. Веќе во вторникот во канцеларијата стигнал нов факс, овојпат со понуда од Барселона. Роберто скокал од радост, а неговите пробале да го смират, меѓутоа едвај го задржале да не вришти од среќа. Формалностите брзо ги решиле и Роберто се нашол на тренинг во кадетите на Барселона.
Во 2006 го потпишал првиот младински договор со Каталонците. И покрај големиот момент во животот, Роберто до 16 години (односно до конечниот премин во Ла Масиа) продолжил да учи во школото „Мариа Кортин“ во родниот крај: наутро одел во школо, а во 16:30 трчајќи излегувал од училница и одел на тренинг во Барселона.
Се враќал дома после 23 вечерта. Наставниците раскажувале дека тренинзите и натпреварите не му сметале во учењето - уредно ги решавал сите тестови и немал слаба оцена. И натаму бил скромно, весело дете а многу кои учеле со него многу подоцна дознале дека тренира во Барселона.
„Вистина ли е тоа дека Сержи игра за Барса? Како е тоа можно? Од кога?, се шепкало по школските ходници. На крајот од школото побарале од него да одржи краток говор: “Реагираше на ова барање сосема темелно како што се спрема тест по математика“, се сеќава Жорди Виланова, неговиот класен раководител.
И за кадетите и за младинците на Барса, Роберто играл во средината од теренот. Одлично играл со двете нозе еднакво, а во првата година го ставиле на левото крило за да ја развива левата нога.
Во сезоната 2009/2010 првпат од Хувенил А (младинците) бил прекомандуван во Барселона Б каде тренер бил Луис Енрике со кој заедно од Сегунда Б се пласирале во Сегунда А.
Во ноември 2010 година дебитирал за сениорскиот состав, а во декември 2011 година го дал и првиот гол за Барселона на Камп Ноу против БАТЕ Борисов.
Од сезоната 2013/2014 игра и тренира само со Меси, Пике, Бускетц и останатите сениори. Минатото лето Лучо Енрике му предложил на Роберто за нешто што овој не бил сигурен - да игра на позицијата крило, нешто што играше и самиот Енрике во Реал и во Барса.
„Сакам да останеш и да се избориш за место на крилото“, му рекол Енрике, а Роберто веднаш му се јавил на Игнасио Родригес: „Морам да играм таму каде што ќе ми кажат. -Сигурен сум дека ќе се снајдеш, ајде“, му одговорил Игнасио.
Така во Барселона после Гојкочеа и Лучо се појавил уште еден универзалец кој може да игра и на крило, и како бек и во средината на теренот.
Играта и животот на Роберто не му се смениле по одлуката на Луис Енрике да му ја смени позицијата. Серијата повреди во екипата довела до неколку експерименти така што Сержи Роберто за неполни три месеци ги пробал сите позиции во средината а на последното Ел Класико заигра и во самиот напад.
Но каде и да игра Сержи секогаш е ефикасен и ефективен. Како што рекол пред 11 години на турнирот Nickelodeon, него најважно му е да асистира за голови - сезонава има 4 асистенции, една помалку од Нејмар. Не е како Зидан и Роналдињо, но неговата игра е право задоволство за гледачите. Тоа го покажа и синоќа против ПСЖ кога на нозе го стана цел свет и го натера да се држи за глава.